Мицкоски: Гасните интерконектори со Грција и Србија ќе ја зајакнат поврзаноста

Мицкоски најави дека гасните интерконектори со Грција и Србија треба да ја диверзифицираат снабденоста и да ја зајакнат улогата на Македонија во регионалните коридори.

11
Мицкоски: Гасните интерконектори со Грција и Србија ќе ја зајакнат поврзаноста (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека со инфраструктурни проекти во транспортот, енергетиката, гасификацијата и железницата, Македонија се позиционира како важен регионален крстопат.

Мицкоски посочи дека изградбата на гасните интерконектори со Грција и Србија треба да овозможи диверзификација на изворите и правците за снабдување со природен гас.

Реклама

Според него, проектите создаваат алтернатива на руската енергетска инфраструктура преку поврзување на терминалот за течен природен гас во Александруполи со Централна Европа.

Предвидениот капацитет на енергетскиот коридор е од 3 до 6 милијарди кубни метри гас годишно. Премиерот наведе дека инфраструктурните проекти треба да придонесат за поголема енергетска безбедност, подобра регионална поврзаност и посилна улога на Македонија во европските енергетски и транспортни коридори.