ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за Алта банка на 5 ноември

ВМРО-ДПМНЕ побара надзорната расправа за Алта банка да се одржи на 5 ноември во 11 часот, откако собра потписи од една третина од членовите и замениците-членови на Комисијата за финансирање и буџет.

9
ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за Алта банка на 5 ноември (Опсервер)
Фото: Опсервер

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара надзорната расправа за случувањата поврзани со Алта банка да се одржи на 5 ноември во 11 часот. Барањето е упатено до претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска.

Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги собрало потписите од една третина од членовите и замениците-членови на Комисијата за финансирање и буџет, повикувајќи се на член 126 став 2 од Деловникот на Собранието.

Реклама

Според него, Комисијата во понеделникот едногласно донела одлука да се одржи надзорна расправа за Алта банка. На координацијата на пратеничките групи било предложено расправата да се одржи на 5 ноември, но Стојаноски рече дека од СДСМ имало колебање околу терминот.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предложило да се скратат процедурите предвидени со Деловникот, за поканите до гостите да бидат испратени во текот на 4 ноември и да се добијат одговори на отворените прашања.

Стојаноски рече дека целта е да се одговори на прашањата од јавен интерес, а не да се политизира случајот. Тој додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе постават прашања за кои сметаат дека ја интересираат јавноста.