НАСА следеше подводна ерупција во Бизмарковото Море

Сателитите „Ландсат 9“ и „Тера“ на НАСА забележале подводна ерупција во Бизмарковото Море и голема пловечка маса од пемза.

8
НАСА следеше подводна ерупција во Бизмарковото Море (Dubravka)
Фото: Dubravka

Сателитите „Ландсат 9“ и „Тера“ на НАСА забележале подводна вулканска ерупција во Бизмарковото Море, северно од Папуа Нова Гвинеја. Снимките покажале промени во бојата на морската површина и голема пловечка маса од пемза.

Со сателитски снимки со висока резолуција биле забележани промени на површината на океанот по ерупцијата, вклучително и зеленикава дамка поврзана со вулканска пепел и гасови што се издигнале од морското дно.

Реклама

НАСА го истакнала формирањето на голем сплав од пемза, лесна вулканска карпа што настанува при експлозивни ерупции. Поради малата густина, ваквите карпи можат да останат на површината со недели или месеци, а струите да ги однесат на голема оддалеченост.

Океанографот Норман Куринг од Центарот „Годард“ на НАСА посочил дека пловечките маси од пемза се показател за вулканска активност, но и можност за подобро следење на океанските струи и на ширењето на последиците од подводните ерупции.

Бизмарковото Море е дел од Пацифичкиот Огнен Прстен, регион познат по изразена вулканска и сеизмичка активност.