Скопје планира мега-парк од околу 600.000 квадратни метри на „Вардариште“

На местото на „Вардариште“ е планиран мега-парк од околу 600.000 квадратни метри, а нови зелени површини се најавени и на повеќе други локации во Скопје.

5
Скопје планира мега-парк од околу 600.000 квадратни метри на „Вардариште“ (Опсервер)
Фото: Опсервер

На местото на депонијата „Вардариште“ во Скопје е планирана изградба на мега-парк со површина од околу 600.000 квадратни метри. Претходно била спроведена физибилити студија, а започнале и активности за одгасување и безбедно отстранување на површинскиот слој отпад.

Нови паркови се планирани и долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел, покрај Вардар во Сарај, во Ново Лисиче кај последната постојка на линијата 5, како и на кејот на Вардар во Карпош.

Реклама

Во изминатиот период биле уредувани пешачко-велосипедски патеки по градските улици и булевари, на кејот на Вардар и покрај реката Серава. За зголемување на безбедноста и ослободување на јавниот простор биле поставени околу 2.000 столпчиња.

Планираните зелени површини, коридори и дополнително засадување дрвја треба да создадат повеќе простор за одмор и рекреација и да придонесат за подобар квалитет на воздухот.