Најголемата панорамска фотографија во светот

ЛондонСега можете да го истражувате Лондон, дури и ако имате тешкотии за добивање на виза. За ова можете да му се заблагодарите на фотографот Џефри Мартин. Неговата панорама од 80 гигапиксели е најголемата фотографија од 360 степени во светот.

Сега можете да го истражувате Лондон, дури и ако имате тешкотии за добивање на виза. За ова можете да му се заблагодарите на фотографот Џефри Мартин. Неговата панорама од 80 гигапиксели е најголемата фотографија од 360 степени во светот.

панорама на Лондон

За да го постигне ова, Џефри Мартин составил 7886 фотографии со голема резолуција. Сите фотографии ги направил самиот тој во два дена, стоејќи на покривот на зградата Centre Point во Лондон со неговиот фотоапарат со 400 милиметарски објектив.

панорама на Лондон

Неверојатно е колку детали можат да се видат на фотографијата при екстремно зумирање. Можте да го видите Биг Бен, неколку стадиони, Лондонското Око, и многу, многу покриви. Откако биле направени фотографиите, тие биле составени со помош на компјутер, и сега панорамата е достапна за ваше уживање. А за да не се изгубите, на ваше располагање имате и компас и мапа на Лондон. [London World Record Panoramic Photo]

- Реклама -