
Меѓународниот олимписки комитет го потврди списокот на седум држави кои изразиле интерес за домаќинство на Летните олимписки игри во 2036 година.
Во трката за организацијата се наоѓаат Германија, Унгарија, Индија, Катар, Јужна Африка, Турција и Јужна Кореја. Дел од земјите поднесоа по два предлога за градови домаќини: Германија ги кандидираше Минхен и Берлин, додека Јужна Кореја ги предложи Сеул и провинцијата Северна Џола.
Останатите држави засега имаат по еден фаворит: Будимпешта од Унгарија, Ахмедабад од Индија, Доха од Катар, Дурбан од Јужна Африка и Истанбул од Турција.
Процесот за избор на организатор допрва ќе влезе во следната фаза. Во текот на ноември потенцијалните кандидати ќе имаат виртуелни презентации пред Комисијата на МОК за идни домаќини.



