Чарлс III не понуди извинување за британската трговија со робови

Кралот Чарлс III изрази ужас и длабока лична тага за трансатлантската трговија со робови, но не понуди извинување.

4
Чарлс III не понуди извинување за британската трговија со робови (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Британскиот крал Чарлс III изрази ужас и длабока лична тага за трансатлантската трговија со робови во обраќање до лидерите на Комонвелтот во Антигва, но не понуди извинување.

Говорот следуваше откако британскиот премиер Енди Барнам најави промена на долгогодишната владина политика и понуди разговори за извинување за ропството, но не и за финансиска компензација.

Реклама

Обраќајќи им се на претседателите и премиерите од 56-те земји-членки на Комонвелтот, собрани во Антигва, Чарлс порача дека минатото не може да се промени, но од него може да се учи.

Тој рече дека трансатлантската трговија со робови и натаму фрла сенка врз островите и другите членки на Комонвелтот. Кралот додаде дека сака да работи во современо партнерство за да се исправат грешките од минатото преку дејствување за иднината.