Коњ добил втора шанса за нормален живот (видео)

коњЖивотот на минијатурниот коњ Миднајт бил тежок, тој бил роден без дел од неговата задна нога. Неговите сопственици го запоставиле, по што официјалните лица биле приморани да го спасуваат. Доброволците од ранчот на кој бил предаден немале друг избор освен да го успијат.

Но четири годишниот коњ добил втора шанса откако локална компанија за протези, кои обично создаваат вештачки раце и нозе за луѓе, се согласиле да му направат нова нога. Вработените, и оние од компанијата за протези и оние од ранчот, на почетокот се надевале дека новата протеза ќе може барем да му овозможи полека да се движи наоколу.
коњНо за време на втората проба на протезата Миднајт ги изненадил присутните кога почнал да галопира наоколу. Боб Вилијамс кој го предводи центарот за спасување, изјавил: „Првиот пат кога го видовме како трча се расплакавме. Сите плачевме. Неверојатно е што Миднајт доби шанса да биде вистински коњ.“ Тој објаснил: „Една вечер гледавме вести и видовме дека прават протези за луѓе. Си рековме штом може за луѓе, може и за коњи.“

{youtube}N5pw9o9EmEA{/youtube}

Бидејќи бил роден без копито и дел од задната десна нога, Миднајт не можел да оди, но сега може да галопира како и секој друг коњ. Денес тој има протеза од трета генерација која чини 14.000 долари, која може да биде отстранета за чистење секоја ноќ. Вилијамс додал: „Се надеваме дека сега тој ќе има шанса да доживее возраст од 25 или дури и 30 години, и ќе има полн живот и шанса да биде среќен и здрав.“ [Miniature horse ‘Midnite’ born without back leg gets new $14k prosthetic limb]

- Реклама -