
Стојаноски, во објава на Фејсбук, наведе дека за камати во периодот од 2017 до 2023 година биле исплатени 1,03 милијарди евра, а за периодот од 2024 до 2027 година се предвидени 1,36 милијарди евра, според реализацијата и буџетските планови.
Тој посочи дека само во 2027 година се предвидени обврски од 405 милиони евра за камати, односно 62 милиони евра повеќе во однос на 2026 година. Според Стојаноски, тој износ е еквивалентен на 55,4 отсто од планираниот буџетски дефицит.
„И ова се само каматите. Без отплата на главнината!“, напиша Стојаноски, оценувајќи дека станува збор за товар врз буџетот и средствата што граѓаните треба да ги вратат.



