Утрото на 22 ноември најстудено во Берово со минус 3 степени

Најниска температура утрото на 22 ноември е измерена во Берово, каде што се регистрирани минус 3 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната дневна температура ќе се движи од 15 до 19 степени.

0
Утрото на 22 ноември најстудено во Берово со минус 3 степени (Опсервер)
Фото: Опсервер

Во Лазарополе и Битола се измерени минус 1 степен, а во Попова Шапка, Струмица и Скопје – Петровец температурата изнесувала 0 степени. По 1 степен е измерен во Демир Капија, Крива Паланка, Тетово и Маврови Анови.

Во Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје – Зајчев Рид и Кавадарци се измерени 2 степени, додека во Виница и Гевгелија се измерени 4 степени.

Реклама

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови, каде што се измерени 6 литри на метар квадратен. Во Охрид наврнале 5 литри, а во Попова Шапка и Прилеп по 4 литри на метар квадратен.

На 22 ноември времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата, се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој попладне на одделни места повремено ќе засилува до силен. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд, со максимална температура до 15 степени.