
Град Скопје информира дека претходно бил асфалтиран патот кон Средно Водно, каде што за првпат било поставено и ЛЕД-осветлување. Со моторичкиот парк, децата ќе можат преку игра на отворено да вежбаат рамнотежа и координација.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу неговите најважни приоритети. „За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите“, рече Ѓорѓиевски.
Тој изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“ за поддршката во уредувањето на просторот.






