Дожд во западните делови и температури до 22 степени

На 19 ноември се очекуваат дожд, силен југозападен ветер во западните делови и дневни температури до 22 степени.

0
Дожд во западните делови и температури до 22 степени (Getty Images/iStockphoto)
Фото: Getty Images/iStockphoto

На 19 ноември се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни, со над 15 литри на квадратен метар. Дневната температура ќе се движи од 18 до 22 степени.

Ќе дува умерен до засилен ветер, а во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец, со брзина над 80 километри на час.

Реклама

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен од јужен правец.

Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.