Солта е добра за вашето здравје

солИсхраната која содржи многу сол можеби и не е толку штетна колку што мислите а можно е дури и да го намалува ризикот од срцеви болести. Осум годишна студија направена од белгиски научници заклучила дека луѓето што јадат многу сол немаат поголем ризик од срцеви болести и висок крвен притисок од оние кои јадат малку сол.


 
Доктор Јан Стаесен од Универзитетот од Леувен во Белгија вели дека наодите дефинитивно се косат со моменталните препораки за конзумирање на сол. Просечното возрасно лице конзумира 9 грама сол дневно, 50 проценти повеќе од препорачаното. Додека претходни истражувања покажаа дека намаленото конзумирање сол може да го подобри крвниот притисок, сè уште не е јасно дали тоа значи подобрено срцево здравје кај општата популација.

Истражувачите користеле податоци од две студии кои опфатиле околу 3700 Европејци чие конзумирање на сол било внимателно набљудувано. Доктор Стаесен и неговите колеги ги поделиле учесниците во три групи: оние кои конзумирале највисоки, најниски и просечни количини сол. Ниту еден од учесниците не страдал од срцеви проблеми на почетокот од студијата, а две третини имале нормален крвен притисок.

Тие биле набљудувани во просек по осум години, период во кој истаражувачите одредиле кај колкумина се јавиле срцеви проблеми, и во помала група, колкумина добиле висок крвен притисок. Шансите за добивање болести на срцето и крвните садови не се разликувале во трите групи. Но, учесниците кои конзумирале најмали количини сол имале највисока стапка на смрт од срцеви проблеми (4 проценти), а луѓето кои конзумирале најголеми количини ја имале најниската стапка (помалку од 1 процент).

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Кај сите три групи, кај околу 25 проценти од учесниците во студијата кои започнале со нормален крвен притисок бил дијагностициран висок крвен притисок на крајот од студијата. Истражувачите забележале дека систолниот крвен притисок се зголемил со зголемувањето на количината на конзумирана сол со текот на времето – но според доктор Стаесен промената била многу мала, што значи дека би можел да не е важна за здравствената состојба.

„Намалувањето на солта сè уште е добра идеја за луѓето кои веќе страдаат од висок крвен притисок или оние кои во минатото имале срцеви проблеми, но студијата не најде докази дека солта од исхраната предизвикува појава на овие состојби. Јасно е дека мора да се внимава кога се промовира општо намалување на конзумацијата на натриум кај населението. Можеби има придобивки, но би можело да има и негативни последици“ изјавил докторот. [Salt intake drop could increase chances of heart disease]

- Реклама -