
Бројните камери, микрофони, сензори и интернет врски во електричните возила го ставаат нивниот капацитет за собирање и пренос на податоци на дневен ред, рече Ајдин, коментирајќи дека електричните возила повеќе не се само средство за транспорт.
Темата стана актуелна во турската јавност откако генералниот директор на големиот турски производител на авијациски средства TUSAŞ (TUSAŞ Motor Sanayii), Махмут Фарук Акшит, објави дека странските електрични возила нема да бидат дозволени на територијата на претпријатијата од одбранбената индустрија.
Ајдин истакна дека благодарение на технологиите што ги поседуваат, електричните возила имаат карактеристики слични на оние на автономните возила, додаде агенцијата.
„Електричните возила се развиваат пред нас како технологии дизајнирани да ги заменат автомобилите на фосилни горива. Покрај нивната електрична инфраструктура, тие имаат интегрирано исклучително сериозни технолошки сензори, камери, интернет инфраструктура и процесори. Затоа, можеме да кажеме дека тие веќе станаа интелигентни возила“, коментираше Ајден.
Забележувајќи дека во многу аспекти електричните возила работат со истиот концепт како автономните возила, Ајден коментираше дека тие се способни да прават видео и аудио снимки, да примаат и испраќаат податоци преку интернет и да пренесуваат информации добиени од сензорите.
„Искрено, овие возила служат како мобилен компјутер денес. Тие можат да ги извршуваат задачите на компјутер на речиси ист начин“, коментираше научникот.
Неговото главно предупредување е дека е важно корисниците да бидат информирани за целите за кои се обработуваат нивните слики, звуци и информации и со кого се споделуваат, кога користат автомобил. Наведувајќи дека прашањето за безбедноста на податоците мора да се земе предвид, особено кај автомобилите произведени во странство, Ајдин вели дека вака прибраните информации може да претставуваат „богатство“ за произоводителот.
„Без да знаете, сите ваши податоци, слики, звуци и карактеристики на однесувањето во автомобилот можат директно да се пренесат до развивачот. И ова може да биде сериозен извор на податоци за производителот“, вели профеосорот.
Тој вели дека технологиите достапни во автомобилите треба да се оценуваат и во однос на безбедноста на критичните објекти. Ајдин изрази став дека пристапот до производствените капацитети на одбранбената индустрија и објектите од стратешко значење може да претставува ризик.
„Голем број лични, специјални и класифицирани податоци, кои се наменети да останат тајни, лесно можат да се достават до надлежните единици во странство, а тоа, секако, може да доведе до сериозни ризици и последици за нас во одбранбената индустрија или во механизмите за донесување одлуки на критичните точки во нашата земја“, вели Ајдин.



