Прескокни до содржината
Реклама

Промовирана детската книга „Ина“ на Весна Мојсова-Чепишевска

Промовирана детската книга „Ина“ на Весна Мојсова-Чепишевска
Фото: МКД.мк

„Во средиштето на вниманието беше приказна што преку светот на едно девојче отвора големи човечки прашања за прифаќањето, достоинството и правото на секое дете да биде слушнато и разбрано. Промоторката Ана Јовковска упатува исклучителни пофалби за книгата, нарекувајќи ја „фантастична“ и оценувајќи го авторскиот пристап на Весна Мојсова-Чепишевска и Иванка НиБа како „врвен книжевен и уметнички дострел“. Во својот осврт, таа особено го издвојува мајсторството „да се пишува со толку нежност и да се илустрира со толку разбирање“ за сложените искуства на детската ранливост, неприфаќањето и пронаоѓањето на сопствениот глас“, пишува во соопштението.

Преку дневничката форма, како што се додава, авторката ѝ го препушта зборот на самата Ина.

„Нејзината прва училишна недела станува почеток на приказна што допира до длабоката човечка потреба да се припаѓа, да се биде прифатен и да се зачува сопственото достоинство. Детската перспектива му дава непосредност на раскажувањето, а нежноста со која е обликувана хероината ја гради блискоста со читателот. Во тој свет има место и за болката и за пркосот, и за ранливоста и за храброста. Јовковска особено го нагласува движењето од стравот и чувството на отфрленост кон сопствениот глас, емпатијата и надежта. Многу надеж за овој суров свет!, порачува таа, издвојувајќи ја една од најсилните пораки на книгата“, се додава во соопштението.

Гвинет Палтроу првпат ќе глуми во ТВ-серија

Гвинет Палтроу првпат ќе глуми во ТВ-серија
Фото: Нетпрес

Американската актерка Гвинет Палтроу ја прифати својата прва главна улога во ТВ серијата наречена „The Apology“, од режисерите Џо Мартаг и Томас Винтерберг.

Добитничката на Оскар ќе ја игра Евелин Амспокер, чиј син бил убиен пред 18 години, а случајот останува нерешен.

„Кога ненадејно се појавува странец и ја признава својата вина, се чини дека правдата конечно е на дофат“, се вели во описот на серијата. Но, Евелин и нејзиниот сопруг Кејлеб дознаваат дека убиецот може да добие само намалена казна. „Соочени со оваа неподнослива вистина, Евелин и Кејлеб решаваат да ги земат работите во свои раце“, се додава.

Двогодишната серија на продукциската куќа A24 на Netflix е дело на извршниот продуцент и сценарист Мартаг, кој ја режираше и ТВ серијата „The Woman in the Wall“. Како што пишува магазинот Variety, режисерот Винтерберг е познат по комедијата од 2020 година „Уште една рунда“.

Филмскиот опус на актерката Гвинет Палтроу се состои од неколку улоги што ѝ овозможија да се вивне до славата, како што е онаа во филмот „Ема“ (1996), „Љубовите на Хелен“ (1998), „Вљубениот Шекспир“ (1998) и „Талентираниот г-дин Рипли“ (1999), како и улоги во неколку филмови со популарниот Ајронмен од универзумот на Marvel и во хит филмот „Марти Величествениот“ (2025).

Се појави и во хит ТВ-серијата „Glee“ (Гли) и како гостинска ѕвезда во разни проекти, но никогаш немала главна улога во ТВ серија.

Нарачката за две сезони за „The Apology“ доаѓа во време на големите промени на Netflix за кои се зборува откако компанијата објави дека ќе отпушти шест отсто од своите вработени.

Директорката на Одделот за содржината Бела Бајарија ја напушти стриминг услугата минатата седмица, а на нејзиното место дојде Питер Рајс.

Директорот за филм Ден Лин ја напушти компанијата во понеделникот, додека директорката за телевизија Џини Хау, која го надгледува одделот за драми во САД и Канада, ја задржа својата позиција.

Алфа Ромео куореросо: најубавиот концепт од Париз најавува нова ера на дизајнот

Алфа Ромео куореросо: најубавиот концепт од Париз најавува нова ера на дизајнот
Фото: МКД.мк

Иако линиите на куореросо потсетуваат на спортско купе, тоа е модел со четири врати и распоред на седишта 2+2. Алфа наведува дека автомобилот комбинира елементи на супер автомобил и класичен грантурер. Концептот ја следи традицијата на добро познатите ГТ модели со долга и ниска хауба, нагласени линии и препознатливата маска на марката.

Предните светла во облик на клин дефинираат нов визуелен идентитет и се состојат од десетици мали ЛЕД диоди кои создаваат динамичен светлосен потпис. Профилот на автомобилот открива изразени кривини и превои на каросеријата, додека страничните прозорци визуелно се спојуваат со рабовите на покривот. Целокупниот впечаток го надополнуваат големи ковани бандажи со шест кружни елементи и златна завршница.

Задниот дел е дефиниран со стакло во облик на штит (Scudetto), пар тркалезни ЛЕД светла и централно поставени издувни цевки, една над друга. Концептот е долг 4,7 метри, широк 2 метри и висок 1,3 метри, што го прави подолг, поширок и понизок од моделот џулија.

Концептот куореросо го погонува познатиот двоен турбобензински 2,9-литарски V6 мотор од џулија и стелвио квадрифољо. Во стандардната верзија, тој мотор развива 505 коњски сили и 600 њутнметри вртежен момент. Сепак, во концептот е спарен со хибриден систем, па се очекува уште поголема моќност. Автомобилот има погон на сите тркала, автоматски менувач и погонско вратило направено од јаглеродни влакна.

Внатрешноста е инспирирана од класичниот модел 33 страдале од 1967 година. Се издвојува воланот во форма на „јарем“ на кој се наоѓаат прекинувачот за избор на режим на возење и две дополнителни контроли. Зад воланот се наоѓа голем дигитален екран кој може да се подели на два одделни дисплеи со притискање на копче, во зависност од желбите на возачот.

Кабината има препознатливи тркалезни отвори за вентилација, слични на оние во сегашните модели, и „лебдечка“ централна конзола. Има голем екран на допир со неколку физички прекинувачи. Предните спортски седишта се обложени со комбинација од црвена и црна кожа.

Задните седишта се исто така во облик на школка, а патниците имаат посебен екран за управување со функциите. Пристапот до задниот дел од кабината е олеснет со врати кои се отвораат во спротивна насока од предниот дел.

На презентацијата на концептот зборуваше Санто Фичили, извршен директор на Алфа Ромео и Масерати.

„Алфа Ромео отсекогаш создавала автомобили кои не се само превозно средство, туку будат и емоции. Токму оваа врска помеѓу човекот и машината, водена од единствената култура на италијанскиот дух, спортскиот карактер и страста, го прави секој од нашите автомобили вистинска Алфа. Со моделот куореросо, ја пренесуваме таа карактеристика во иднината која е отворена за различни решенија за возење, каде што технологијата, функцијата и квалитетот секогаш се во служба на емоциите и задоволството при возењето“, кажа Фичили.

Сашо Поповски: Највредни се моментите кога музиката станува поголема од секој од нас поединечно

Сашо Поповски: Највредни се моментите кога музиката станува поголема од секој од нас поединечно
Фото: МКД.мк

Европскиот џез, балканскиот музички сензибилитет и слободната импровизација се среќаваат во автентичниот звучен свет на меѓународниот џез-квартет составен од Оливие Самоилан (виола), Сашо Поповски (гитара), Иван Бејков (контрабас) и Александар Секуловски (тапани). Четирите различни музички личности создаваат простор за музички дијалог во кој се преплетуваат суптилни мелодиски пасажи, динамични импровизации, но и влијанија од валцерот и тангото.

Соработката на францускиот мултиинструменталист и композитор Оливие Самоилан со тројца истакнати македонски музичари претставува средба на различни музички традиции, искуства и авторски пристапи. Нивниот заеднички албум „STEPS“, објавен во 2023 година за „Art Melodies“, е потврда за креативниот потенцијал на оваа музичка врска, која досега се претставувала и на европските џез-сцени.

Во разговорот со Сашо Поповски зборуваме за слободата и дисциплината во импровизацијата, за музичкиот идентитет, балканското наследство и предизвикот да се создава заеднички звук без да се изгуби личниот израз. Поводот е претстојниот концерт на квартетот во „Јавна соба“, на 5 ноември, каде што публиката ќе има можност да ја доживее оваа меѓународна соработка во живо.

Магијата што се случува кога различните музички светови ќе се сретнат без однапред поставени граници

Во овој квартет се среќаваат четири различни музички личности, а инструментариумот – виола, гитара, контрабас и тапани – отвора необични звучни можности. Што те привлече во соработката со Оливие Самоилан и како се гради заедничкиот јазик меѓу музичари со различни искуства и сензибилитети?

– Ме привлече можноста за музичка средба со Оливие Самоилан и музичари со различни сензибилитети. Верувам дека заедничкиот јазик се гради преку слушање, доверба и слобода да се истражува. Токму во различностите се раѓаат нови идеи и звук што не би можел да го создаде ниту еден од нас самостојно. Потврда дека овој концепт функционира е нашиот заеднички албум „STEPS“, објавен во 2023 година за „Art Melodies“, кој досега успешно го промовиравме на европските џез-сцени.

Европскиот џез, балканскиот сензибилитет, слободната импровизација, но и валцерот и тангото се дел од звучниот свет на квартетот. Како овие влијанија се среќаваат во музиката? Дали свесно ги повикувате во процесот на создавање или тие природно произлегуваат од вашите музички биографии?

– Мислам дека овие влијанија најчесто природно произлегуваат од нашите музички биографии. Не ги планираме однапред, туку им дозволуваме да се сретнат низ импровизацијата. Балканскиот сензибилитет, џезот, тангото и валцерот стануваат дел од истиот музички разговор, во кој најважни се слободата, спонтаноста и заедничкото чувство за музиката.

Слободата како одговорност кон заедничкиот звук

Во џезот често се зборува за слободата на импровизацијата, но вистинската слобода веројатно бара и голема дисциплина, слушање и доверба меѓу музичарите. Каде за тебе е границата меѓу личниот израз и одговорноста кон заедничкиот звук? Како препознаваш дека импровизацијата навистина води некаде, а не е само демонстрација на виртуозност?

– За мене, слободата во џезот не значи да правиш сè што сакаш, туку да знаеш како да го споделиш својот израз со другите. Импровизацијата е разговор во кој слушањето, довербата и почитувањето на заедничкиот звук се подеднакво важни.

Препознавам дека импровизацијата води некаде кога музиката се развива природно и кога сите заедно создаваме нешто непредвидливо. Виртуозноста е важна, но за мене е средство, а не цел. Највредни се моментите кога музиката станува поголема од секој од нас поединечно.

Гитарата во ваков состав не е во вообичаениот контекст на џез-квартетот со саксофон или пијано, а виолата носи поинаква боја и фразирање. Дали ваквата поставеност те тера да размислуваш поинаку за сопствениот инструмент – за неговата улога, просторот што го зазема и начинот на кој комуницира со другите?

– Да, ваквиот состав ме тера да размислувам поинаку за гитарата — не како инструмент што секогаш треба да ја води музиката, туку како глас што создава простор и дијалог. Виолата носи посебна боја, па комуникацијата станува посуптилна и нè поттикнува внимателно да слушаме и да си оставаме простор еден на друг.

Балканскиот сензибилитет меѓу наследството и личниот израз

Балканскиот музички сензибилитет често се препознава преку ритамот, меланхолијата, асиметричните метрики или специфичната емоционалност. Но колку од тоа навистина го носиме во себе, а колку понекогаш го претвораме во очекување дека музиката од овој регион мора да звучи „балкански“? Како ти лично се однесуваш кон тоа наследство кога компонираш или импровизираш?

– Мислам дека тоа наследство го носиме во себе, дури и кога свесно не го бараме. Но не треба да станува формула или очекување дека музиката мора да звучи „балкански“. Кога компонирам или импровизирам, му дозволувам на тој сензибилитет да се појави природно — преку ритамот, мелодијата или емоцијата — без да го наметнувам.

Ти си музичар што постојано се движи низ различни соработки и звучни контексти. Што најмногу те менува како автор и изведувач кога работиш со музичари што имаат поинаков пристап од твојот? Дали добрата соработка бара да го потврдиш сопствениот музички идентитет или понекогаш и да се откажеш од дел од него за да откриеш нешто ново?

– Секоја соработка ме учи да слушам поинаку и да не се потпирам само на сопствените навики. Не мислам дека треба да се откажеш од својот идентитет, туку да бидеш доволно отворен тој да се промени низ средбата со другите. Токму во тој баланс меѓу личниот глас и заедничкото откривање се раѓа нешто ново.

Музиката како неповторлива средба

Џезот често се доживува како музика на моментот – нешто што постои само додека се случува, во неповторливата размена меѓу музичарите. Што за тебе ја прави една изведба жива и незаменлива? И дали, по сите години поминати во музиката, сè уште постои момент на сцена во кој можеш да се изненадиш себеси?

– Една изведба е жива кога музичарите навистина се слушаат и реагираат еден на друг, кога никој не знае сосема каде ќе одведе следниот момент. Тогаш музиката станува разговор, а не само изведување на нешто однапред подготвено. И по многу години, сè уште има моменти на сцена што ме изненадуваат — токму затоа што оставам простор за ризик и за неочекуваното.

Настапот во „Јавна соба“ ќе биде можност оваа меѓународна соработка да се доживее во живо, во непосредна комуникација со публиката. Што би сакал слушателите да понесат со себе од оваа музичка средба и зошто е важно ваквите проекти, што ги преминуваат жанровските и културните граници, да добијат свој простор на македонската музичка сцена?

– Би сакал публиката да понесе чувство дека присуствувала на нешто што се случува само во тој миг — средба на различни музички искуства, идеи и карактери. Нашиот последен концерт во овој состав беше на главната сцена на џез-фестивалот „Нишвил“ во 2025 година. Оттогаш настапувавме повеќепати, во различни формации и состави, па ќе биде особено интересно повторно да се сретнеме и да го споделиме развојот на музиката и на нашата заедничка комуникација.

Ваквите проекти заслужуваат простор на македонската сцена затоа што отвораат нови можности за слушање и соработка. Кога музичарите преминуваат жанровски и културни граници, не ги бришат своите корени, туку создаваат нов разговор во кој и публиката може да пронајде нешто свое.

А.В.

Русија произвела значително повеќе автомобили годинава

Русија произвела значително повеќе автомобили годинава
Фото: Нетпрес

Производството на патнички автомобили во Русија се зголеми за над 27 отсто во првите девет месеци од годинава, изјави министерот за индустрија и трговија Антон Алиханов за новинарите на маргините на форумот на руските индустриски лидери, според извештајот на новинската агенција ТАСС.

Во периодот од јануари до септември, руските фабрики произведоа речиси 660.000 патнички автомобили, рече министерот, повикувајќи се на податоци од производителите.

Вкупно, во тој период се произведени над 764.000 возила во сите сегменти, што е за 22,4 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, истакна Алиханов.

Министерството за индустрија и трговија веќе објави дека во Русија во првите девет месеци од годината се продадени речиси 1,077 милиони нови возила, што е за 6,2 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.

Пазарниот удел на возилата произведени во Русија достигна 63,8 отсто во првите девет месеци од оваа година, со испорачани 687.000 возила, што е за 23,4 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.

Во периодот од јануари до септември, Русија увезе 301.000 нови возила, што е за 25 отсто повеќе во однос на минатата 2025 година, при што повеќето од нив доаѓаат од Кина, објави аналитичката агенција Автостат на почетокот на месецот.

Aктериот Крис Петровски: Холивуд е валкано место, полно со скршени надежи и срца, но и екстремно богати луѓе

Aктериот Крис Петровски: Холивуд е валкано место, полно со скршени надежи и срца, но и екстремно богати луѓе
Фото: МКД.мк

Уште растејќи на Нов Зеланд (каде што со своите родители се преселил како петгодишно дете), тој почнува да се занимава со актерство, но посериозно и се посветува на глумата кога на 18 години добил стипендија и се преселил во Лос Анџелес да студира актерство на Академијата за актерство „Стела Адлер“ (Stella Adler Academy of Acting), каде што подоцна и дипломирал.

Многумина го препознаваат Крис како Дмитри Петров од популарната американска серија „Madam Secretary“, улога што ја играл во повеќе сезони. Меѓу неговите други актерски остварувања се во „Ray Donovan: The Movie“, „FBI“, „NCIS“, „The Blacklist“, „The Rookie: Feds“, „Average Joe“ и „Chief of Station“. Играл покрај холивудски ѕвезди како Морган Фриман, Дени Гловер, Џесика Честејн, Вилмер Валдерама, Арон Екхарт, Олга Кириленко…

Покрај успешната кариера во американската забавна индустрија, тој е и боксерски тренер, а дава и часови по глума. Сопруг е на актерката Александра Лемус, со која го има петгодишниот син Матео.

Кога за некоја улога ви е потребна вистинска, сирова емоција, на кој јазик таа прво ви доаѓа: на англиски, на македонски…?

– Се преселив на Нов Зеланд кога имав пет години, па долго време тоа беше македонскиот јазик, но во тинејџерските години, тоа се промени во англиски.

Како еден Македонец, кој пораснал на Нов Зеланд, се подготвува за улога на Русин?

– Татко ми, кој поголемиот дел од животот го поминал во Македонија, одлично владее многу словенски јазици. Всушност, и многу други европски јазици. Затоа, понекогаш му се обраќам нему кога добивам „руска улога“ што бара да зборувам руски. Но, со акцентот немам никаков проблем. Тој ми доаѓа сосема природно.

На 18-годишна возраст заминавте во Лос Анџелес со стипендија од „Стела Адлер“. Што ве изненади во тие први месеци, за што ниту еден курс на Нов Зеланд не ве подготвил?

– Кога работев на Нов Зеланд бев навистина многу млад. Тешко е да се сетам што всушност, применував таму. Мислам дека голем дел од тоа беше само чист инстинкт. Кога дојдов во „Стела Адлер“, таму навистина ми дадоа техника преку која можев да пристапам кон кој било лик. Еден човек, по име Милтон Џастис, забележа нешто посебно во мене и одлучи да ме донесе од Нов Зеланд.

Токму тој се заложи да добијам стипендија во „Стела Адлер“. Тој ги убеди дека поседувам нешто навистина посебно, па откако направив аудиција пред нив, ми ја доделија стипендијата. Тој беше човекот што ми даде навистина цврста техника.

Кој или што ви претставуваше „дом“ во тој град во текот на првата година, и за кои желби или стравови никому не сте му кажале?

– Првите неколку месеци живеев кај Милтон Џастис. А она што никому не му го кажав беше дека го мразев Лос Анџелес. Бев исплашен и сакав да се вратам дома. Особено додека живеев во делот на Холивуд. Таму не е сè онака како што е прикажано во филмовите. Тоа е валкано место, полно со скршени луѓе и изгубени соништа. Тоа е спој на екстремно богати и екстремно сиромашни луѓе.

Никогаш не знаеш во кого можеш да имаш доверба, освен ако добро не ја познаваш средината. Милтон ми покажа сè. Ми понуди сместување кај него, како и место во училиштето. Сè му должам на овој човек, бидејќи ми даде шанса. Тој виде во мене нешто што јас самиот не можев да го видам на 18-годишна возраст, а мојот најголем страв беше дека ќе го разочарам него, како и моето семејство, доколку се откажам и се вратам дома.

Колку време ви беше потребно за да можете да живеете само од актерството?

– Ќе бидам искрен со вас. Сè уште не можам да се издржувам само од глума. Многу луѓе мислат дека штом ќе добиеш улога во некоја серија или голем филм, ќе бидеш обезбеден за многу години. Но, актерите во Холивуд во моментов жестоко протестираат, барајќи плати што овозможуваат нормален живот.

Однадвор, работите изгледаат одлично, бидејќи ги гледаме само најголемите ѕвезди, па добиваме впечаток дека сите заработуваат толку многу. Но, тие се помалку од еден процент од индустријата. Да не ме разберете погрешно – јас добро заработувам, но Лос Анџелес е еден од најскапите градови во светот, а имам и семејство и дете за кое треба да обезбедам образование.

Здравствената заштита е лоша, а нормалната егзистенција чини цело богатство. Затоа, реалноста е дека се снаоѓам така што, покрај другото, работам како ментор на други актери и им го пренесувам своето знаење. Тоа ми дава слобода да можам да заминам и да снимам некоја серија или филм, секогаш кога ќе добијам понуда за улога.

Покрај актерството, на IMDb сте наведени и како сценарист, режисер и продуцент. Каква приказна не ви нудат како актер, па морате сами да ја напишете?

– Тоа е навистина интересно прашање. Бев толку зафатен со глума во проекти на други луѓе, што всушност, немав време да застанам и да се запрашам: „Што сакам јас?“. Мислам дека кога ќе дојде вистинскиот момент, ќе знам што да напишам за себе.

Една работа што ја имам како искуство е боксот. Тренирав долги години, па дури имав и неколку аматерски борби додека живеев во Њујорк, во текот на тие шест години. Мислам дека ликот би бил сличен на Роки. Ја сакам приказната за аутсајдерот – некој кој почнува од ништо и создава нешто од својот живот. Можеби токму за тоа би била приказната. Ме натеравте да размислувам за тоа.

Ако утре ви пристигне сценарио од татковината, кој би бил вашиот услов за да го прифатите, а што би ве навело да го одбиете?

– Приказната и ликот. Дури и ако проектот не е исклучително добро платен, секогаш можам да го препознаам потенцијалот во навистина одличен лик и приказна. Денес се снимаат многу филмови со помал буџет, но доколку имаат навистина одлична приказна, тие можат да постигнат голем успех. Значи, секогаш тоа е пресудно.

Во средното училиште во Нов Зеланд игравте во Хамлет. Кој дел од тој лик го разбирате поинаку денес, со животно искуство од три земји?

– Озлогласениот говор на Хамлет „да се биде или да не се биде“ е за толку многу работи и секој може да го толкува различно во сопствениот живот. Идејата да се преземе акција или да не се преземе акција… ова е навистина начин на живот. Можеби смислата на животот.

Дали да седиме и да не правиме ништо или да преземаме акција и да му дадеме смисла на животот? Ми се допаѓа оваа идеја и одбирам да му дадам смисла, бидејќи од него научивме што се случува кога не го правиме тоа.

Вашите први појавувања на филмски сет беа додека сè уште бевте студент. Што научивте тогаш, само набљудувајќи ги другите како работат, нешто што никој подоцна не ви го кажал директно?

– Дека сите едноставно даваат сè од себе и дека никој не знае како ќе испадне што било во еден филм. Дека најдобриот пристап кон кој било лик е да се понудат различни опции при глумењето. Така нема да заглавите во само еден начин на играње. На тој начин, на монтажерот и на режисерот им давате избор. Така тие можат да го направат филмот, а и вашиот лик, поинтересни. Можеби дури и подобро да ја раскажат приказната.

Колку повеќе сум убеден дека еден лик може да се однесува само на еден одреден начин, толку повеќе се ограничувам себеси, а го ограничувам и филмот.

Дали постои улога што денес би ја одбиле, а пред десет години би ја прифатиле без размислување?

– Да, сум играл ликови што се однесуваат насилно кон жените и за тоа се каам. Особено, ако не станува збор за одличен филм, бидејќи тогаш тоа само прави да изгледам лошо. Сакам да играм опасни ликови, сакам да играм непредвидливи ликови, па дури сакам да играм и негативци, но не сакам да играм идиоти.

Кога луѓето ќе ве прашаат од каде сте, дали одговорот зависи од тоа кој прашува и зошто?

– Одлично прашање. Но, мојот одговор е секогаш ист. Роден во Македонија, живеев на Нов Зеланд, но културолошки израснат како Македонец. Претпоставувам дека тоа зависи од тоа колку сметам дека одредена личност „заслужува“ објаснување.

Ако е некој што го запознавам за првпат, едноставно велам дека сум Македонец. Обично следи прашањето: „Каде е тоа? Дали е тоа земјата позната по макадамија оревите?“ Или дури: „Дали е тоа блиску до Мадагаскар?“ Секогаш умирам од смеење.

Дали некогаш сте ги прашале родителите зошто одлучиле да си заминат од Битола? Колку одговорот ви го промени погледот кон сопствениот живот?

– Да, го прашав татко ми пред многу години и, колку што се сеќавам, ми кажа дека Нов Зеланд барал луѓе со квалификации за електричари. Токму затоа тој успеал да добие виза, а потоа и да нè донесе сите нас таму. Дури кога пораснав, сфатив колку било значајно тоа преселување од Македонија во Нов Зеланд.

Тоа остави длабока трага кај мене, бидејќи не се чувствував исплашено од помислата дека и јас би можел да го направам истото. Си реков: „Па, штом татко ми можел, можам и јас“. Можам да започнам нов живот некаде и да изградам нешто за себе.

И мајка ми и татко ми беа одлични примери за вредни луѓе, подготвени да преземат големи ризици за да живеат подобро и да им обезбедат подобри можности на своите деца. Се надевам дека и јас ќе го направам истото за мојот син, со тоа што се преселив овде.

Каков е вашиот однос кон Битола, ви недостасува ли градот?

– Всушност, се враќам во Битола на секои пет до седум години, или барем се обидувам. Длабоко ми недостасува. Многу ми е убаво таму. Секојпат кога ќе се вратам, успевам да сфатам колку убав може да биде животот. Колку може да биде едноставен.

Кога сте биле во Битола последен пат? Што очекувавте, а што всушност најдовте?

– Бев таму минатата година, во јули! Претходно бев во 2019 година – тогаш првпат ја однесов и сопругата. А минатата година, во 2025-та, го однесов и нашето дете. Очекував да го најдам домот што отсекогаш сум го сакал. Куќата на баба ми, каде што пораснав.

Убавото кај Битола е тоа што таа останува непроменета – и тоа во најдобра можна смисла. Луѓето, улиците… Толку многу носталгија и историја. Никогаш не би сакал таа да се промени. На луѓето ширум светот, каде и да одам, им велам дека тоа е единственото место од моето детство каде што се чувствував безбедно додека талкав по улиците како дете. Родителите ми знаат колку бев безбеден таму. Не сум сигурен дека такво нешто може да се најде на кое било друго место во светот.

Дали се чувствувате успешно?

– Се чувствувам исклучително успешно. Кога би ја напишал мојата приказна во книга, повеќето луѓе не би ми поверувале. Едно мало дете, кое на петгодишна возраст ја напушта својата мала земја и заминува на другиот крај на светот. Постојано запаѓа во неволји, а потоа, еден ден, ја открива единствената работа во која е навистина добар. Некој во него препознава нешто што тој самиот не можел да го види, па добива можност да замине во Холивуд, Лос Анџелес, и да студира во едно од најпознатите училишта за глума во светот.

И не само тоа – добива стипендија, а подоцна толкува главни улоги во големи телевизиски серии и холивудски филмови, работејќи со најдобрите во индустријата. Кога би умрел утре, би можел да кажам дека сум бил успешен.

МИА

Дневен хороскоп за сабота, 24-ти октомври 2026-та

Дневен хороскоп за сабота, 24-ти октомври 2026-та
Фото: Нетпрес

ОВЕН
Денеска силен внатрешен импулс може да ве поттикне да започнете нешто пред дури и да ги средите сите детали. Во првиот дел од денот, верувајте им на вашите чувства, но проверете ги фактите пред да дејствувате. Подоцна, ќе треба да забавите и да се помирите со ограничување или одговорност што не може да се игнорира. На лично ниво, искреноста ви помага да разберете кои чувства имаат иднина, а кои припаѓаат на минатото.

БИК
Некои одговори денеска ќе дојдат полесно кога ќе престанете да ги барате. Претпладнето може да ви донесе силно чувство, сеќавање или увид што фрла поинаква светлина врз некоја стара ситуација. Постепено ќе стане јасно што треба да остане само идеја, а што заслужува вистинско внимание. Вашите односи ве повикуваат на подлабока искреност, особено доколку некоја премолчена тема продолжува да стои помеѓу вас и друга личност.

БЛИЗНАЦИ
Неочекувана средба или идеја денеска може да ве поврзе со луѓе кои ја гледаат иднината поинаку. Почетокот на денот е добро време да слушате повеќе и да дозволите разговорите да ве однесат подалеку од вашите почетни очекувања. Подоцна во текот на денот можеби ќе треба да поставите граница или да прифатите дека заедничкиот план бара повеќе време и упорност. Во секојдневниот живот, стара симпатија, желба или навика може повторно да го привлече вашето внимание и да бара нова проценка.

РАК
Насоката во која ги вложувате вашите напори денеска може да изгледа инспиративна и малку несигурна. Не брзајте да донесувате големи одлуки веднаш наутро, кога впечатоците се силни, но не секогаш доволно јасни. Како што денот напредува, конкретните одговорности ќе ви помогнат да се вратите во реалноста и да одредите што навистина можете да преземете. Во вашиот личен живот, постои можност повторно да откриете нешто што ви носи радост, а што сте го ставиле настрана.

ЛАВ
Денеска тежнеењето по нови искуства може да ве доведе до интересна идеја, место или разговор. На почетокот од денот не сè ќе изгледа сосема јасно, затоа дајте си време да ги обработите вашите впечатоци. Подоцна, ќе треба да ја претворите вашата инспирација во конкретен план и да ги прифатите ограничувањата што доаѓаат со неа. Семеен или личен проблем може да ве врати кон вредност што сте ја вреднувале различно со текот на времето.

ДЕВИЦА
Доверлива тема може да ве натера денеска да гледате подалеку од очигледното и да ја барате вистинската причина за нечие однесување. Избегнувајте да донесувате заклучоци ранп наутро, особено доколку имате само делумни информации. Подоцна во текот на денот ситуацијата станува поконкретна и може да бара јасна одлука, граница или преземање одговорност. Разговор од минатото може да добие ново значење и да ви помогне да кажете што останало некажано во тој момент.

ВАГА
Денеска другата личност може да биде почувствителна или непредвидлива отколку што очекувавте. На почетокот од денот не обидувајте се веднаш да утврдите каде одат односите и оставете повеќе простор за нијанси. Подоцна, ќе биде потребно да се разјаснат границите, обврските или очекувањата, за да не бидат важните работи само погрешно разбрани. Финансиски или личен проблем може да ве потсети што навистина го цените и од што веќе сте подготвени да се откажете.

ШКОРПИЈА
Вашата привлечност денеска е посилна, но со неа доаѓа и растечката потреба да разберете што навистина сакате. Стара љубовна тема, желба или прашање за вашата самодоверба може да се врати, овојпат со можност да ја видите позрело. Во текот на денот не ги занемарувајте практичните обврски, бидејќи тие ќе ви помогнат да одржите рамнотежа. Вистинската промена доаѓа кога ќе престанете автоматски да ги повторувате изборите што повеќе не ве задоволуваат.

СТРЕЛЕЦ
На денешниот ден вашата креативна страна може да се манифестира на необичен начин и да ви даде идеја вредна за паметење. Претпладнето е посоодветно за имагинација и експериментирање отколку за конечни одлуки. Подоцна во текот на денот личната обврска или одговорност може да бара поголема дисциплина и да ја ограничи вашата спонтаност. Во исто време, стара емоција може тивко да се врати и да ви покаже што сè уште не е целосно завршено.

ЈАРЕЦ
Промена во домашната атмосфера денеска може да разбуди чувства кои тешко се средуваат само со логика. Дозволете претпладнето да помине без да се обидувате веднаш да решите сè што ве загрижува. Како што одминува денот, ќе ви биде полесно да утврдите што зависи од вас и каде треба едноставно да ја прифатите реалноста. Комуникацијата со блиска личност може да врати тема од минатото, но овојпат со шанса за подлабоко разбирање.

ВОДОЛИЈА
Впечаток што на прв поглед изгледа незначителен, денеска може да отклучи важна мисла. Претпладне внимателно слушајте што ви кажуваат другите, но немојте премногу брзо да го прифатите секое сознание како сигурен факт. Подоцна ќе треба да ги средите вашите идеи и да одлучите што всушност може да се спроведе. Професионална или лична цел од минатото може повторно да ве ангажира и да ви покаже зошто некогаш била толку важна.

РИБИ
Денеска прашањето што поседувате и што ви носи вистинска сигурност може да добие подлабоко значење. Раните часови не се најдоброто време за импулсивни купувања или одлуки засновани исклучиво на расположение. Подоцна, ќе ви биде полесно да поставите разумни граници и да процените во што навистина вреди да инвестирате време и пари. Новото разбирање на љубовта или на вашите сопствени вредности може да ве врати на избор што некогаш сте го оставиле недовршен.

Животот ќе им се промени на подобро: четири хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

Животот ќе им се промени на подобро: четири хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година
Фото: Опсервер

До крајот на 2026 година, четири хороскопски знаци ги очекуваат значајни позитивни промени. Според астролошките предвидувања на Олив Хани, објавени на порталот „Јоур Танго“, припадниците на овие знаци ќе стекнат поголема самодоверба, ќе надминат стари пречки и ќе отворат нови поглавја во животот.

Во нумерологијата, 2026 се смета за година на нови почетоци, личен развој и поголема свесност за сопствените потреби.

Водолија

За Водолиите, крајот на годината носи признание и почит од околината. Иако претходно можеби го потценувале своето влијание врз другите, сега ќе сфатат колку нивните постапки можат да инспирираат.

До декември ќе научат цврсто да стојат зад своите ставови и да не прифаќаат ситуации што повеќе не им одговараат. Годината ќе ја завршат со поголема самодоверба и чувство дека конечно го добиле заслуженото признание.

Вага

За Вагите, 2026 е година на учење како да ги стават сопствените потреби на прво место. Наместо постојано да им угодуваат на другите, ќе ја откријат важноста на личните граници и внатрешниот мир.

До крајот на годината ќе успеат да се ослободат од нездрава ситуација што долго ги оптоварувала. Со поголема самодоверба ќе привлечат нови можности и луѓе кои повеќе им одговараат.

Риби

Рибите влегуваат во период во кој нивните долгогодишни соништа почнуваат да стануваат реалност. Наместо само да замислуваат подобра иднина, ќе преземаат конкретни чекори за да ја создадат.

Ќе научат да поставуваат граници и да не ги жртвуваат сопствените потреби заради туѓите очекувања. До декември ќе стекнат поголема верба во себе, а нивниот успех би можел да стане инспирација и за другите.

Бик

Биковите во текот на 2026 година се посветени на своите цели, но истовремено учат дека понекогаш е потребна флексибилност.

Иако се познати по својата тврдоглавост, ќе сфатат дека компромисот не значи откажување од сопствените убедувања. До крајот на годината ќе успеат да ги усогласат старите навики со новите сознанија и да изградат поискрени односи со околината.

Според астролошкото толкување, сите четири знаци ќе ја завршат 2026 година посигурни во себе и поподготвени за новите предизвици.

Мајли Сајрус ѝ исполни желба на обожавателка која боледува од рак

Мајли Сајрус ѝ исполни желба на обожавателка која боледува од рак
Фото: Опсервер

Пејачката Мајли Сајрус ѝ исполни посебна желба на својата обожавателка Кеш Џејкобс, на која ѝ е дијагностициран рак на дојка во трет стадиум, така што лично ѝ ја избричи главата пред почетокот на опаѓањето на косата поради хемотерапијата.

Џејкобс претходно објавила видео на социјалните мрежи во кое ја замолила пејачката да ѝ ја исполни желбата. Пораката стигнала до тимот на Сајрус, кој организирал средба зад сцената по нејзиниот концерт во „Холивуд боул“ во Лос Анџелес, на 18 октомври.

За време на средбата, пејачката ја охрабрувала обожавателката, порачувајќи ѝ дека е нормално истовремено да чувствува страв и сила.

„Можеш истовремено да бидеш и нежна и силна“, ѝ рекла Сајрус, пред да ја земе машинката и да ѝ ја избричи главата.

Џејкобс на 21 октомври објавила видео од емотивниот момент, откривајќи дека пејачката ѝ ги платила авионскиот билет до Лос Анџелес и влезниците за концертот.

„Мајли одвои време да биде со мене во еден од најстрашните и најинтимните моменти од мојот живот“, напишала таа, опишувајќи ја средбата како остварување на голема желба.

Дневен хороскоп за петок, 23-ти октомври 2026-та

Дневен хороскоп за петок, 23-ти октомври 2026-та
Фото: Нетпрес

ОВЕН
Прашање кое веќе некое време го ставате настрана деенска може да бара ваше посериозно внимание. Претпладнето е добро време за разговор што ќе разјасни доверба, споделени ресурси или споделена одговорност. Не избегнувајте подлабоки теми доколку сметате дека е време да се справите со нив. Вечерта враќа поголема решителност и желба сами да преземете иницијатива.

БИК
Денеска односите влегуваат во период кога површните одговори повеќе нема да бидат доволни. Во првиот дел од денот, можете да имате важен и искрен разговор со некој чија позиција ви е важна. Може да се врати стар проблем, но овојпат имате шанса да го гледате позрело и без непотребна одбрана. Доцните часови се посоодветни за повлекување и размислување отколку за инсистирање на своето.

БЛИЗНАЦИ
Уредувањето на вашата дневна рутина денеска може да ви помогне да ослободите повеќе простор за важни задачи. Претпладнето носи јасност на мислата и е добро за работа, анализа, документи или разговор што бара внимание на детали. Во текот на денот, можеби ќе почувствувате потреба да промените навика што повеќе не ви служи добро. Вечерта ви носи повеќе движење, луѓе и идеи што ги прошируваат вашите планови.

РАК
Креативниот импулс е зајакнат и може да ве насочи кон нешто што навистина ве возбудува. Утрото е добро за разговор со сакана личност, дете или идеја што сакате посериозно да ја развиете. Во вашиот личен живот, може да се врати некоја стара тема, но тоа носи можност да разберете што сè уште има вредност за вас. Навечер, вниманието постепено се свртува кон одговорностите и како да ја претворите желбата во вистински чекор.

ЛАВ
Повеќе внимание е насочено кон домот, семејството и темелот врз кој ги градите вашите следни одлуки. На почетокот на денот, разговорот со сакана личност може да помогне да се разјасни нешто што долго време останало некажано. Важно е да се разликува моменталната ситуација од старите чувства што може да ги разбуди. Вечерта носи похрабро расположение и желба за излегување од вообичаената средина.

ДЕВИЦА
Вашата љубопитност може да ве доведе до информации што ќе го променат начинот на кој гледате на ситуацијата. Претпладневните часови се добри за пишување, планирање, преговарање или важен состанок. Некои разговори ќе бидат подлабоки од вообичаеното и можат да ви помогнат да ги разберете вистинските намери на другата страна. Подоцна вечерта, ќе треба да се повлечете од бучавата и да задржите повеќе работи за себе.

ВАГА
Темата за сопствената сигурност почнува да добива на тежина и ве принудува повнимателно да размислите што заслужува трошење на вашите ресурси. Претпладнето е добро за финансиски разговор, планирање или одлука поврзана со долгорочна стабилност. Може да се врати старото прашање за вредност, поседи или самодоверба, на што сега гледате од позрела перспектива. Вечерта носи повеќе движење во односите и може да ве принуди да реагирате побрзо.

ШКОРПИЈА
Доаѓа период кога вашите сопствени желби и насока стануваат сè потешки за игнорирање. Претпладнето ви помага јасно да ги изразите своите мисли и да кажете нешто што го разгледувате долго време. Мината приватна тема може повторно да бара внимание, но сега имате можност да ја разгледате без претходниот емоционален товар. Навечер, насочете ја вашата енергија кон специфични задачи и водење сметка за вашиот дневен ритам.

СТРЕЛЕЦ
Потребата да се дистанцирате од надворешната бучава денеска може да стане посилна. Претпладнето е погоден период да завршите нешто насамо, да ги организирате сопствените мисли или да водите доверлив разговор. Може да се врати старо сеќавање или чувство за да ви покаже што не сте оставиле целосно зад себе. Навечер, расположението се менува и носи поголема желба за радост, движење и личен израз.

ЈАРЕЦ
Денеска вашето опкружување може да ви подкаже со кого вреди да се продолжи натаму а каде односите го исцрпиле својот потенцијал. Првата половина од денот е добра за дискутирање за заедничка идеја, иден проект или важна цел. Можно е стара врска или познаник повторно да го привлече вашето внимание и да бара нова проценка. Кон вечерта, ќе претпочитате потивка средина и повеќе време за вашите лични работи.

ВОДОЛИЈА
Професионалните намери денеска може да станат појасни и да ве натераат посериозно да гледате на следната фаза. Претпладнето протежира разговор со некој што може да ви даде полезни информации или важни повратни информации. Стар работен проблем може повторно да се појави и да ви даде шанса да го решите поинаку. Вечерта е подинамична и носи повеќе комуникација, состаноци и брзи одлуки.

РИБИ
Потрагата по повеќе значење денеска може да ве доведе до нови знаења, идеи или насоки. Претпладнето е особено податливо за учење, пишување, патување или разговор што ви помага да ги поврзете деловите од пошироката слика. Можеби ќе се вратите на стара идеја или верување и ќе откриете нешто во неа што не сте го забележале претходно. Вечерта ве води кон попрактични прашања и како да ја претворите инспирацијата во конкретни резултати.