Мајли Сајрус ѝ исполни желба на обожавателка која боледува од рак

Пејачката Мајли Сајрус ѝ исполни посебна желба на својата обожавателка Кеш Џејкобс, на која ѝ е дијагностициран рак на дојка во трет стадиум, така што лично ѝ ја избричи главата пред почетокот на опаѓањето на косата поради хемотерапијата.

1
Мајли Сајрус ѝ исполни желба на обожавателка која боледува од рак
Фото: Опсервер

Џејкобс претходно објавила видео на социјалните мрежи во кое ја замолила пејачката да ѝ ја исполни желбата. Пораката стигнала до тимот на Сајрус, кој организирал средба зад сцената по нејзиниот концерт во „Холивуд боул“ во Лос Анџелес, на 18 октомври.

За време на средбата, пејачката ја охрабрувала обожавателката, порачувајќи ѝ дека е нормално истовремено да чувствува страв и сила.

Реклама

„Можеш истовремено да бидеш и нежна и силна“, ѝ рекла Сајрус, пред да ја земе машинката и да ѝ ја избричи главата.

Џејкобс на 21 октомври објавила видео од емотивниот момент, откривајќи дека пејачката ѝ ги платила авионскиот билет до Лос Анџелес и влезниците за концертот.

„Мајли одвои време да биде со мене во еден од најстрашните и најинтимните моменти од мојот живот“, напишала таа, опишувајќи ја средбата како остварување на голема желба.