Прескокни до содржината
Реклама

Барселона казнета со 602 евра за Алварез

Барселона казнета со 602 евра за Алварез
Фото: Depositphotos

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја казни Барселона поради несоодветен контакт со менаџерот на Хулијан Алварез пред, клубот да го извести Атлетико Мадрид за својот интерес.

Казната е симболичана, избнесува 602 евра, но каталонскиот клуб планира да поднесе жалба на одлуката на Шпанската фудбалска сојуз.

Истрагата утврди дека спортскиот директор на Барселона, Деко, и агентот Фернандо Идалго, разговарале на 15 мај, додека првата писмена комуникација со Атлетико следела на 28 мај.

Прекршокот бил окарактеризиран како мал дисциплински прекршок, за кој била изречена минимална парична казна.

Барселона се обиде да го потпише аргентинскиот напаѓач во текот на летото и наводно понудила 100 милиони евра, но Атлетико одби да го продаде еден од своите најважни играчи на директен ривал.

Туристички бум во Туркије: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Туристички бум во Туркије: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава
Фото: Опсервер

Туркије продолжува да ги зацврстува своите позиции на светската туристичка мапа, бележејќи извонредни резултати од туризмот и оваа година. Според последните објавени податоци, во првите девет месеци од 2026 година, приходите од туризмот во земјата достигнаа 51,3 милијарди американски долари, што е зголемување од 2,4% во споредба со истиот период минатата година и највисоко ниво досега забележано за овој период од годината. Особено успешни резултати се остварени и во третото тримесечје, кога туристичките приходи пораснаа за 5%, достигнувајќи 25,5 милијарди долари.

Овие резултати беа презентирани на прес-конференција во Истанбул, на која министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој ги претстави туристичките показатели. Според него, меѓународните патувања годинава се соочија со исклучителни предизвици. Конфликтите во регионот, ограничувањата во воздушниот простор, како и зголемувањето на цените на енергенсите и авионските билети, влијаеја врз одлуките за патување, капацитетите на авиокомпаниите и програмите на туроператорите. Во услови на вакви случувања, Туркије се издвои како остров на стабилност.

„Од 2018 година преземаме конкретни и внимателно осмислени чекори за да го направиме нашиот туристички сектор поотпорен на кризи. Со основањето на Турската агенција за промоција и развој на туризмот (TGA), ја направивме промоцијата континуирана и систематска. Ги проширивме пазарите од кои доаѓаат туристите и ја направивме побогата и поразновидна туристичката понуда. Остварувањето на највисоките приходи досега во третото тримесечје и во првите девет месеци од годината, во една ваква година, ја потврдува вредноста на овој пристап“, изјави Ерсој.

Тој додаде дека во претстојниот период, покрај зачувувањето на позициите на главните туристички пазари, ќе се интензивираат активностите за привлекување посетители од пазарите со висок потенцијал, особено од Северна и Јужна Америка, Канада, Источна Азија, Африка и Океанија.

Позитивните движења се забележуваат и во туристичката потрошувачка и должината на престојот. Во првите девет месеци од 2026 година, просечната должина на престој се зголеми за 0,3%, достигнувајќи 10,34 ноќевања, додека просечната потрошувачка по ноќевање пораснала за 4,6% и изнесувала 107,7 американски долари.

Вкупниот број посетители во Туркије во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Трент „отпишан“ во Мадрид, извесно е неговото враќање во Англија

Трент „отпишан“ во Мадрид, извесно е неговото враќање во Англија
Фото: Depositphotos

Трент Александар-Арнолд би можел да се врати во Премиер лигата веќе следното лето, а Челзи се споменува како еден од главните кандидати за неговиот потпис.

Англискиот репрезентативец наводно не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид, речиси и да не игра кај Жозе Мурињо.

Поранешниот играч на Ливерпул, кој го напушти Енфилд во 2025 година и се пресели во Мадрид, се соочува со зголемена конкуренција за позицијата десен бек. Неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“ затоа стана предмет на бројни шпекулации, а неколку големи англиски клубови наводно го следат развојот на ситуацијата.

Според информациите објавени од „Фудбал Инсајдер“, Челзи е подготвен да ја разгледа можноста за ангажирање на Александар-Арнолд доколку тој стане достапен на пазарот.

Поранешниот главен скаут на Манчестер Јунајтед, Мик Браун, тврди дека „Стемфорд Бриџ“ е заинтересиран за англискиот репрезентативец, иако сè уште не е познато дали евентуален трансфер би можел да се реализира веќе за време на јануарскиот преоден рок или следното лето.

Секако, штом се појави можноста за напуштање на Мадрид, почнаа шпекулациите за враќање на „Енфилд“. Ливерпул сè уште не најде идеално решение на позицијата десен бек по неговото заминување, па на прв поглед, враќањето на англискиот репрезентативец би изгледало како логично решение.

Сепак, според истиот извор, на „Енфилд“ во моментов не размислуваат за неговото враќање.

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ
Фото: Опсервер

(22.10.2026 – 29.10.2026)

Легенда:

ИСДВ – измерена средно-дневна вредност

ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност)

Дневни податоци од независниот систем за мониторинг се достапни на специјализираниот EKO портал за животна средина на ТИТАН Усје на следниот линк: https://eco.usje.mk/mk/ . На оваа платформа се поставени и детални информации за активностите на компанијата во областа на животната средина – инвестиции и иновации во работниот процес, мерки за поголема декарбонизација, управување со отпад, регулатива и информации поврзани со алтернативните горива, како и студии и други материјали и корисни линкови од областа.

***

  • Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон

Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

  • Производството запира доколку филтрите не работат

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

  • ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

  • Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
  • Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа

ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

  • Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Контакт e-mail: contact@usje.mk

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Мицкоски очекува победа во Брвеница
Фото: Опсервер

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последниот ден од изборната кампања во Брвеница и какви се очекувањата од вториот круг, изјави дека неговата партиа во секоја партија влегува со цел да победи.

„Денеска кон крајот на денот ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница во вториот круг. Во првиот имавме најмногу гласови, речиси 3000, сега очекуваме и тој број на гласови да го зголемиме, нашата цел е да бидеме над 4000 гласа и со тоа цениме дека ќе имаме победа во Брвеница. Ние, за разлика од политичките партии коишто се обединија околу противкандидатот, се обраќавме на жителите на Брвеница, тие создаваа етничка поделба без притоа да водат сметка дека тие ќе заминат на 2., а таму ќе останат луѓето заедно да живеат, и Македонци и Албанци и останати и христијани и муслимани. За жал, водеа една таква, би рекол, кампања којашто не доликува за 21. век, но тоа е што е. Тие ценат дека, претпоставувам, на тој начин ќе добијат градоначалник повеќе во Брвеница“.

Упати порака до жителите на Брвеница.

Мојата порака и до жителите на Брвеница и до македонската јавност е дека кога одлучуваат за кого да го дадат својот глас, треба да одлучуваат дали да го дадат својот глас за оние коишто имаа можност во минатото повеќе од две децении да направат нешто, а не направија ништо, односно оставија нула, и овие коишто сега го прават сето она коешто, за жал, во минатото не било направено. И тука нема етничка поделба и заради тоа јас би сакал уште еднашка да упатам порака до жителите на Брвеница и жителите на Македонија, дека ако сакаме да одиме напред, мораме да зборуваме за проект повеќе и да зборуваме за додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, а не да се враќаме на политики од минатиот век. Тие се гума за спасување на политичари кои припаѓаат во минатиот век и тие така ја гледаат оваа кампања во Брвеница. Но на крајот од денот, во недела ќе видиме каков ќе биде резултатот.Очекувам да помине денот мирно, да нема поголеми инциденти и на тој начин да покажеме дека сме зрела демократија, што всушност и го покажуваме, бидејќи мирот кај нас не е доведен под знак прашање, додека во околината, во соседството, но и насекаде во Европа, гледате дека имаме прилично тензична состојба во одредени градови.“

Пукна тиквата меѓу Итудис и Мициќ

Пукна тиквата меѓу Итудис и Мициќ
Фото: Depositphotos

Хапоел Тел Авив одлично ја започна сезоната во Евролигата. Израелскиот тим има шест победи и два порази.

И покрај добрите резултати, атмосферата во тимот не е добра. Како што објави „Спорт 5“, тренерот Димитрис Итудис и еден од најдобрите играчи Василије Мициќ не се во добри односи.

До неодамна беа многу блиски, што неодамна се промени, а според овој извор тие двајца речиси и да не разговараат меѓу себе.

Наводно, комуникацијата е сведена на апсолутен минимум.

„Тоа не е нешто што не може да се забележи. Напнатоста јасно се чувствува. Нешто се случило помеѓу Васа и Итудис и нивниот однос повеќе не е како порано“, велат извори од Хапоел за „Спорт 5“.

Според сведочењето, Мициќ потврдил дека односите со Итудис се во сериозна криза и станале многу лоши.

Василије Мициќ не играше во победата на Хапоел против Ефес поради повреда на зглобот, но се чини дека има подлабоки проблеми во самиот тим.

Мициќ со плата од речиси 5,5 милиони долари е играчот со најголема плата во Евролигата. Тој ја игра втората сезона во дресот на Хапоел, откако претходно мина две неуспешни сезони во НБА лигата.

Во Јапонија роботи со моторни пили ги одржуваат железничките пруги

Во Јапонија роботи со моторни пили ги одржуваат железничките пруги
Фото: МКД.мк

Роботите биле користени во близина на станицата Нобејама, во префектурата Нагано, на линијата Коуми, каде што било потребно да се отстранат гранките што растеле над шините и можеле да го попречат движењето на возовите, објави јапонскиот портал Сорањуз24.

Машините се поставени на специјални возила кои можат да се движат по железнички пруги, но и по патишта. Роботот е опремен со држач на едната рака, со кој може да држи и поместува гранки, додека другата има моторна пила за нивно сечење.

Компанијата „ЏР Ист“ почна да ги воведува овие роботи во својата флота за одржување во март годинава, додека компанијата „ЏР Вест“ почна да користи слични системи во 2024 година.

Досега, работите за одржување на пругата најчесто се извршуваа во текот на ноќта, помеѓу последниот и првиот утрински воз, со цел да се избегне прекин на патничкиот сообраќај. Сепак, поради сè поголемиот број вработени кои бараат да работат во дневни смени, „ЏР Ист“ ја разгледува можноста ваквите работи почесто да се извршуваат во текот на денот.

Компанијата предупредува дека таквата промена би можела да доведе до почести привремени прекини на сообраќајот на одредени делници за време на редовното работно време на железницата.

Билетите за натпреварот Македонија – Словенија ќе се продаваат преку страницата на ФФМ

Билетите за натпреварот Македонија – Словенија ќе се продаваат преку страницата на ФФМ
Фото: МКД.мк

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Словенија, кој ќе се одигра на 16 ноември (понеделник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе започне на 2 ноември (понеделник).

За овој натпревар од 6. коло во Лига на Нации / група Б, цената на билетот ќе изнесува 500 денари. Влезниците ќе можат да се набават исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk.

Полните трибини создаваат идни шампионки: Започнува кампањата „Навивај за неа“ за поголема поддршка на женскиот спорт

Полните трибини создаваат идни шампионки: Започнува кампањата „Навивај за неа“ за поголема поддршка на женскиот спорт
Фото: МКД.мк

Започнува кампањата „Навивај за Неа – Полните трибини создаваат идни шампионки“, чија цел е да ја зголеми видливоста и популарноста на женскиот спорт и да поттикне поголема посетеност на женските спортски натпревари.

Кампањата се спроведува како дел од проектот „Фер игра – поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, кофинансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува Македонскиот олимписки комитет, во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка, Спорт Соушал Солушнс и Параолимпискиот комитет.

Со „Навивај за Неа“ сакаме да го насочиме вниманието кон еден од важните предизвици со кои се соочува женскиот спорт – недоволната јавна и медиумска видливост и малата посетеност на женските спортски натпревари. И покрај резултатите, посветеноста и успесите на спортистките и женските тимови, нивните натпревари сè уште поретко се промовираат и често се играат пред недоволно исполнети трибини.

Токму затоа, преку оваа кампања сакаме да ја мобилизираме јавноста и да создадеме навика женскиот спорт да се следи, да се поддржува и да биде редовен дел од спортската и медиумската понуда. Поголемата публика значи поголема видливост за спортистките и клубовите, поголем интерес од медиумите, но и подобри можности за привлекување партнери и спонзори и за долгорочен развој на женскиот спорт.

Кампањата ги опфаќа женската кошарка, фудбал, ракомет и одбојка. Во соработка со националните спортски федерации е подготвен календар на избрани женски натпревари, кој е во прилог на оваа информација. Ги повикуваме медиумите, институциите, компаниите, граѓанските организации, навивачките групи и, пред сè, граѓаните да го следат календарот, да ги посетат натпреварите и активно да ја поддржат кампањата.

Во рамки на „Навивај за Неа“ ќе се реализираат медиумски и дигитални активности, промоција на избрани натпревари, видео и радио содржини, како и директно вклучување на спортистки, јавни личности, навивачки групи, институции и други поддржувачи на женскиот спорт.

Нашата цел не е само еднократно да ги наполниме трибините, туку постепено да придонесеме кон создавање нова и редовна публика за женскиот спорт. Полната трибина испраќа порака дека трудот и успехот на спортистките се препознаени и вреднувани. Во исто време, поголемата видливост на успешните спортистки создава позитивни модели за децата и младите, особено за девојчињата кои преку нив можат да се препознаат себеси во спортот и да бидат мотивирани да го развиваат сопствениот потенцијал.

Затоа, нашиот повик е едноставен: следете го календарот, изберете натпревар и дојдете да навиваме заедно.

Навивај за Неа – Полните трибини создаваат идни шампионки.

Родителите менуваат 2.555 пелени во првата година од животот на своето бебе

Родителите менуваат 2.555 пелени во првата година од животот на своето бебе
Фото: МКД.мк

Истражувањето го спроведе агенцијата „Уанпол“ за брендот пелени „Расклс“, а според него, родителите менуваат околу 2.555 пелени во првата година. Четириесет и седум отсто од родителите посакуваат да биле подобро подготвени за доаѓањето на своето бебе, додека само 38 отсто сметаат дека имале доволно информации пред да станат родители. Триесет и девет отсто посакуваат некој однапред да им кажел колку точно пелени ќе потрошат.

Излегувањето од дома со бебе им одзема на родителите, во просек, 33 минути повеќе отколку порано. Најчесто забораваат влажни марамчиња (31 отсто), резервна облека за бебето (30 отсто) и пелени (21 отсто).

Речиси половина од родителите (48 отсто) доживеале протекување на пелена додека биле надвор од дома, а 22 отсто поради тоа морале предвреме да ја прекинат прошетката. Исто така, тие ги пресоблекувале своите бебиња на неочекувани места: во кафулиња и пабови (42 отсто), во багажникот на автомобил (39 отсто) и на клупа во парк (12 отсто).

Одговори бараат навечер на интернет

Дури 92 отсто од родителите пребарувале на интернет во текот на ноќта, барајќи одговори поврзани со своето бебе. Најчесто барале информации за тоа како да го заспијат бебето (40 отсто) и дали столицата на бебето е нормална (35 отсто). Седумнаесет отсто велат дека најмногу научиле преку обиди и грешки.

Четириесет и три отсто од испитаниците најмногу им веруваат на советите од сопствените родители, 33 отсто им веруваат на лекарите и бабиците, а 20 отсто му веруваат на својот партнер. Најмногу им бил потребен совет во првите денови по враќањето дома од породилиште, велат 27 проценти од родителите.

Д-р Лили Паркер, која соработува со брендот, истакна дека родителите обично добиваат информации за исхраната и спиењето, но многу помалку за секојдневните ситуации – како што е излегувањето од дома со бебе. Таа додаде дека самодовербата на родителите расте постепено, како што тие пронаоѓаат рутина што им одговара.