Во Јапонија роботи со моторни пили ги одржуваат железничките пруги

Роботите биле користени во близина на станицата Нобејама, во префектурата Нагано, на линијата Коуми, каде што било потребно да се отстранат гранките што растеле над шините и можеле да го попречат движењето на возовите, објави јапонскиот портал Сорањуз24.

0
Во Јапонија роботи со моторни пили ги одржуваат железничките пруги
Фото: МКД.мк

Машините се поставени на специјални возила кои можат да се движат по железнички пруги, но и по патишта. Роботот е опремен со држач на едната рака, со кој може да држи и поместува гранки, додека другата има моторна пила за нивно сечење.

Компанијата „ЏР Ист“ почна да ги воведува овие роботи во својата флота за одржување во март годинава, додека компанијата „ЏР Вест“ почна да користи слични системи во 2024 година.

Реклама

Досега, работите за одржување на пругата најчесто се извршуваа во текот на ноќта, помеѓу последниот и првиот утрински воз, со цел да се избегне прекин на патничкиот сообраќај. Сепак, поради сè поголемиот број вработени кои бараат да работат во дневни смени, „ЏР Ист“ ја разгледува можноста ваквите работи почесто да се извршуваат во текот на денот.

Компанијата предупредува дека таквата промена би можела да доведе до почести привремени прекини на сообраќајот на одредени делници за време на редовното работно време на железницата.