
Олга Панкина додава: „Со нив мене како претседател на невладината организација ‘Македонски културен центар’ во Москва ме поврзува дамнешното пријателство. Годинава на фестивалот по традициjа одржав литературна средба во рамки на мојот проект ‘Читај ја Македонија!’. Овој пат таа ѝ беше посветена на македонската книжевност и драматургија за деца. Главни гости на настанот беа деца и нивните родители. Артистите на театарот ‘Город’ го претворија настанот во интерактивно дејство. Водеа разговор со присутните, во вид на игра ги запознаа помалите гледачи со историjата на словенското писмо, истакнуваjќи jа улогата на сесловенските просветители Кирил и Методиj и панорамски ги претставија македонските автори за деца и млади – од класиците како Ванчo Николески и Видое Подгорец, до современите Киро Донев, Биљана Станковска, Горјан Петрески и др., до најмладите како Натали Спасова и Хана Корнети. Публиката беше одушевена од поезијата на писателите: Бошко Смаќоски, Васил Пујовски, Волче Наумчески, Васил Куновски, Цане Андреевски, Киро Донев, Панде Манојлов, Стојан Тарапуза…“.
Олга Панкина ѝ подари на библиотеката во Долгопрудни понови изданија за деца преведени и објавени на руски: романот „Другата мајка” на Драгица Најческа (2021), македонската приказна „Силјан Штркот” на Марко Цепенков (2023) и броевите на списанијето „Иностранаја литература” каде се претставени македонските писатели кои пишуваат за деца: Песни на македонските поети (броj 1, 2025) и романот “Илина и шумските тролови” на Хана Корнети (броj 9, 2026).



