
Охриѓани го отворија реваншот со водство од 3:0 во петтата минута, а потоа поведоа и со 4:1. Драгунас намали на 4:3 во 10. минута, но на полувремето ГРК Охрид имаше предност од 15:11.
Ѓукиќ беше најефикасен кај охриѓани со седум гола, а голманот Блажески запиша 15 одбрани. Според МКД.МК, Иванковиќ, Лјапис и Зечевиќ постигнале по четири гола, додека кај гостите Драксас завршил со четири погодоци.
Охрид втора сезона по ред ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп, каде што ќе ја продолжи одбраната на трофејот.





