
Филмот го освои Гран при за анимација на фестивалот во Тимимун, одржан од 5 до 10 ноември 2026 година.
На CRAFT International Animation Festival во Јогјакарта, одржан од 23 до 28 октомври, доби специјално признание за најдобра кинематографија. Жирито ги истакнало иновативниот филмски пристап и долгиот, непрекинат кадар, преку кој се развива критички осврт кон доаѓањето на звукот во кинематографијата.
Филмот доби и специјално признание во натпреварувачката програма „Мајстори“ на Primanima World Festival of First Animations, одржан од 14 до 17 октомври во Будаерш, Унгарија. На 1 ноември му беше доделено и признанието „Wreath of the Apedemak Brazil Tour“ во рамките на Apedemak Brazil Tour на Sudan International Animation Film Festival.
„Неми Филмови“ раскажува за созревањето на момче во мал киносалон на крајот од ерата на немиот филм. Неговиот татко, некогашна филмска ѕвезда, се обидува да ја зачува старата слава прикажувајќи неми филмови.
Филмот, раскажан во еден непрекинат кадар, ги истражува односот меѓу таткото и синот, приврзаноста кон минатото и неизбежноста на промените. Досега учествувал на повеќе од 60 фестивали и освоил 20 награди.



