Лек за маларија наскоро реалност

комарецВакцина која би можела да ја уништи маларијата и да спаси милиони животи би можела наскоро да стане реалност. Во моментов нема лиценциран третман за заразната болест која е пренесувана од комарци и која предизвикува треска, главоболки и во посериозните случаи, кома или смрт.

Но научниците тврдат дека ја откриле „Ахиловата пета“ која би можела да води кон развој на ефективна програма за имунизација во следните две години. Паразитот Plasmodium falciparum, кој се шири преку комарци, е одговорен за симптомите и смртните случаи поврзани со маларија. Претходните напори за развој на вакцина која би спречила паразитот да навлегува во црвените крвни зрнца биле неуспешни – еден од предизвиците е тоа што паразитот е многу приспособлив.
 
Но сега ново откритие посочува кон тоа дека еден рецептор кој е важен за паразитот да навлезе во човечкото тело бил откриен. Главниот истражувач, доктор Гевин Рајт од Wellcome Trust Sanger Institute во Кембриџ, изјавил: „Нашето истражување очигледно ни откри Ахилова пета во начинот на кој паразитот навлегува во црвените крвни зрнца. Нашите наоди беа неочекувани и целосно го променија начинот на кој го гледаме процесот на инфилтрација.“

Тестовите на вакцини кои ја напаѓаат оваа клетка се предвидени во следните две до три години. Доктор Рајт додал: „Сè уште сме во рана фаза и би можеле да ни требаат уште десет до дваесет години пред да можеме да создадеме клинички употреблива вакцина но сепак сме возбудени.“ Неговиот тим демонстрирал дека со нпаѓање на едниот рецептор паразитот не можел да навлезе во црвените крвни зрнца. Тие се надеваат дека ова може да биде употребено за развивање нови и ефективни вакцини, што би можело да биде економски најефикасниот начин за спречување на зараза.

Сепак, за ваков пристап да успее вакцината мора да биде високо ефикасна и да обезбеди имунитет. Професор Едријан Хил, постар истражувач на Wellcome Trust од Jenner Institute, од Оксфорд изјавил: „Поновите извештаи за позитивни резултати од тестови на вакцина за маларија во Африка се охрабрувачки, но во иднина поефикасни вакцини ќе бидат потребни ако сакаме целосно да ја уништиме маларијата. Откривањето на едниот рецептор кој може да биде нападнат за да се спречи инфекцијата на црвените крвни зрнца создава надеж за далеку поефективно решение.“

Повеќето смртни случаи предизвикани од маларија се деца помлади од пет години во суб-сахарска Африка. Според Светската Здравствена Органазија имало проценето околу 243 милиони случаи на зараза и речиси еден милион смртни случаи од маларија во 2008 година. [Malaria vaccine could be developed within 2 years as scientists find its Achilles heel]

- Реклама -