
Под диригентската палка на Џијан Емин, концертот ќе понуди музичка приказна што ги обединува различните периоди, соработки и влијанија кои ја одбележале четиридецениската кариера на Сашко Николовски.
Како еден од најактивните музичари на нашата сцена, Николовски има реализирано безброј концерти во земјава и надвор од неа. Со професионален ангажман во оркестарот на Националната опера и балет сè од 1986 година, тој низ децениите остава длабок печат во бројни состави: како член на Квартетот тромбони, со концерти во Сплит, Омиш, Макарска и Хвар, во оркестарот на МРТВ, бендот на Тоше Проески, Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски Септет и многу други.
Како круна на неговото долгогодишно творештво се појавува и неговиот прв авторски проект – албумот „Not for Sale“, на кој свират дел од најпрепознатливите имиња на домашната џез-сцена, обединувајќи осум композиции инспирирани од класичните и модерните текови на џезот.
На концертот ќе настапат и специјални гости, меѓу кои Сашо Гигов-Гиш, Дарко Мучев – Мучо, Стефче Стојковски и Теодор Стојковски – Катин.
Билетите за концертот може да се набават онлајн на https://mktickets.mk/event/njo-sashko-nikolovski/ и на продажните места на MKTickets.
Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.
Билетите може однапред да се резервираат на: info@jazzorchestra.mk



