Клетките на туморот се хранат со фруктоза

Повеќе...Најново истражување покажа дека преработениот шеќер помага во размножувањето на туморот. Со ова, повторно се разгори дебатата за тоа колку шеќерот е лош за нашето здравје и што да се направи околу тоа.

Најново истражување покажа дека преработениот шеќер помага во размножувањето на туморот. Со ова, повторно се разгори дебатата за тоа колку шеќерот е лош за нашето здравје и што да се направи околу тоа.

Cancer_ResearchКлетките на туморот на панкреас ја користат фруктозата за да се размножуваат и зголемуваат, истакнаа истражувачите во САД, во една студија. Тие открија дека туморот се храни и со глукоза и со фруктоза, користејќи ги двата шеќера на два различни начина. Ова откритие на тимот од универзитетот на Калифорнија, кое е објавено во магазинот Cancer Research, ќе им помогне на многу други студии кои се поврзани со влијанието на фруктозата врз туморот на панкреас, еден од најсмртоносните тумори.

Овие откритија покажуваат дека клетките на туморот можат да ја користат фрукозата за да се размножат“, напиша д-р Ентони Хини од Центарот за тумор во УКЛА. „Ова директно влијае на терапијата на пациентите со тумор, посебно на оние кои имаат диета на база на фруктоза и наместо да има резултати во смалувањето на туморот, токму спротивното се случува – туморот се зголемува“.

Американците земаат големо количество на фруктоза, посебно во високофруктозната пченкарна супа, мешавина од глукоза и фруктоза во пијалоците, лебот и многу други типови на храна. Политичари, истражувачи и здравствени инспектори дебатираат дали високо фруктозната пченкарна супа и другите состојки ги прават Американците подебели и помалку здрави. Премногу шеќер во што било, не само што ќе ви додаде неколку килограми, туку тоа е и главен причинител за дијабетес, срцеви болести и удари, според Американската Здравствена Организација.

Неколку држави, вклучувајќи ги Њујорк и Калифорнија, воведоа повисока такса на зашеќерените пијалоци за подобро да ја контролираат штетата на болеститеhigh_fructose_corn_syrup_-_Food_Thinkersповрзани со шеќерот. Но, Американската Асоцијација на Пијалоци, чии членови се и Кока-Кола и прозводите на Kraft, успешно се изборија за да нема данок на газираните пијалоци. Оваа Асоцијација исто така е одлучна дека шеќерот е само шеќер.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Хини изјави дека неговиот тим го откри спротивното. Тие третирале клетки на тумор на панкреас во лаборатириски чинии и ги хранеа и со фруктоза и со глукоза. Клетките на туморот растеле на шеќерот, но ја користеле фруктозата за да се размножуваат.

Конзумирањето на високофруктозниот пченкарен сируп се зголеми за 1000% помеѓу 1970 и 1990, изјавија стражувачите во 2004, во Американскиот Магазин за Клиничка Исхрана.

Сега, тимот работи и се надева дека ќе направи лек кој ќе ги запре клетките на туморот да ја користат фруктозата. Иако останува прашањето дали се работи за само уште еден трик на големите фармацевтски куќи за да стекнат поголем профит, сепак, не смее да има дилема помеѓу профитот и здравјето. [Cancer cells feed on fructose, study finds]
- Реклама -