Создадена неодамна, автомобилска компанија Qoros, која е заедничка творба на кинескиот концерн Chery и израелската фирма Israel Corporation, ги финализира тестирањата на седан извадбата С11, со што Qoros се надева дека ќе успее да се пробие на европскиот пазар.
Иако тест моделот на кој му се направени шпиунски фотографии е добро замаскиран, сепак во екстериерот се гледа интервенцијата на поранешниот шеф на MINI Design Studio, Герд Хилдебранд, кој активно учествувал во создавањето на седанот.
Qoros C11 има слични димензии со оние на Ford Focus и Volkswagen Jetta. Моторот е 1.6 литарски бензински турбо кој може да се комбинира со 6-степен рачен менувач и со роботизирана трансмисија со двојна кохезија.
Азијците полагаат сериозни надежи за овој модел и ја објавија својата намера тој да биде првиот кинески автомобил, кој добил максимална оценка на европските краш-тестови на EuroNCAP.
Премиерата на Qoros C11 е следната година, а креаторите предвидуваат дека во 2016 година производството ќе достигне до 160.000 примероци. Половина од нив ќе се продаваат во Европа.
Објавено во соработка со Авто Плус.