Засега, нашиот арсенал на тачскрин гестови се сведува на бројот на прсти кои можеме да ги користиме.
Но нова технологија која може да разликува помеѓу врв на прст, зглоб и нокт ќе внесе новина во целиот процес. Тројца студенти од Carnegie Mellon University во Питсбург, успешно модифицирале Samsung Galaxy SIII за истиот да може да користи инпут од сите типови на допир.
Модифицираниот телефон ја постигнува оваа магија со помош на мал сензор за вибрации и софтвер кој ја забележува акустичната разлика помеѓу различните типови на допир. Еден од студентите веќе започнал компанија, Qeexo, која ќе ја продава оваа технологија. Сензорот за вибрации лесно може да биде додаден во секој смартфон, но вистинската магија е во софтверот.