Гази Баба почна бесплатен офталмолошки скрининг за основците

Во Гази Баба почна бесплатен офталмолошки скрининг за сите ученици во општинските основни училишта, со први активности во Трубарево.

5
Гази Баба почна бесплатен офталмолошки скрининг за основците (Опсервер)
Фото: Опсервер

Општина Гази Баба започна бесплатен офталмолошки скрининг за сите ученици во општинските основни училишта. Првите активности се одржаа во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево.

Градоначалникот Бобан Стефковски го посети училиштето по повод почетокот на проектот, а од Општина Гази Баба соопштија дека активностите во наредните денови ќе продолжат и во останатите општински основни училишта на нејзина територија.

Реклама

Целта е навремено да се откријат евентуални проблеми со видот кај децата, да се овозможи рана превенција и, доколку се утврди потреба, учениците да бидат упатени на дополнителни офталмолошки прегледи.

Стефковски изјави дека проблемите со видот кај децата често може да останат незабележани и да влијаат врз учењето, концентрацијата и развојот. Тој им се заблагодари на Промедика и Систина Офталмологија за поддршката во реализацијата на проектот.

Од Општина Гази Баба наведоа дека станува збор за прв ваков бесплатен офталмолошки скрининг организиран за сите ученици во основните училишта на една општина во Македонија.