Четири лица убиени во престрелки во Тексас
Најмалку 15 лица беа повредени, од кои четворица починаа, како резултат на престрелка во Далас, извести во неделата телевизиската станица Fox News повикувајќи се на изјава од началникот на полицијата во тексашкиот град.
Текстилни работници протестираат во Бангладеш за повисоки плати, полицијата употреби солзавец
Полицијата во Бангладеш употреби солзавец и палки за да ги растера насобраните демонстранти, на протестите на кои илјадници текстилни работници излегоа на улиците во главниот град Дака со барања за зголемување на платите.
Најмалку десет Палестинци загинале во израелските напади врз Газа
Најмалку десет Палестинци, меѓу кои и едно дете, загинале денеска во нови израелски напади врз Појасот Газа, објавуваат палестинските медиуми.
Комунистичката партија на Кина ќе го засили надзорот врз своите кадри
Кинеската Kомунистичка партија ќе го засили надзорот врз своите кадри, внимателно испитувајќи ги нивните средства, социјални контакти и онлајн активности за да се спречи корупција или нелојалност, се вели во документот објавен во неделата.
Русија: Притворен тинејџер во истрагата по дојавата од САД за терористички напад во Москва
Во текот на истрагата во врска со информации од Соединетите држави за планиран терористички напад во Москва, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) притвори тинејџер кој објавил видео на социјалната мрежа TikTok во кое се заканува дека ќе изврши кривично дело во музејскиот комплекс Царицино…
Полицаец во Франција се здоби со тешки изгореници откако демонстрант му фрли молотов коктел
Полицаец во Франција се здобил со тешки изгореници откако демонстрант кон него фрлил молотов коктел, при што му се запалила ногата.
Германската полиција ги чува ограбените продавници во Франкфурт
Полицијата сè уште е распоредена во Франкфурт по немирите што избувнаа синоќа, а обемот на материјалната штета сè уште се утврдува, изјави портпаролот на полицијата.
Турција им забрани пристап до социјалните мрежи на деца помлади од 15 години
Во Турција стапи на сила забраната за пристап до социјалните мрежи за деца помлади од 15 години. Проверката на возраста на постојните кориснички сметки ќе продолжи до 31 март 2027 година, а во текот на преодниот период платформите постепено ќе ги затвораат профилите на децата, пренесува „Анадолија“.
Црна Гора воведе визи за пет земји, Русија и Белорусија возвраќаат со иста мерка
Црна Гора од неделата воведе визи за граѓаните на Русија, Белорусија, Кина, Турција и Саудиска Арабија, со цел да ја усогласи својата визна политика со правилата на Европската унија и да исполни една од обврските во преговорите за пристапување.
Во Нови Сад се одбележува втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица
Во Нови Сад денеска се одбележува втората годишнина од смртта на 16 лица при падот на настрешницата на реновираната железничка станица, трагедија што предизвика бран антивладини протести против корупцијата, предвремените избори и пад на српската влада, додека сè уште се чека одговорните да седнат…















