Трамп на собир во Канзас рече дека ги одвел христијаните во Ветената земја

Трамп на собир во Канзас рече дека ги одвел христијаните во Ветената земја, повикувајќи се на порано изречена поддршка од пасторот Роберт Џефрис.

6
AI-илустрација: Трамп на собир во Канзас рече дека ги одвел христијаните во Ветената земја
AI-илустрација

Американскиот претседател Доналд Трамп на републикански предизборен собир во Канзас изјави дека ги одвел христијаните во Ветената земја. Тој се повика на поддршка од пасторот Роберт Џефрис, кој уште во 2015 година, според Трамп, предвидел дека токму тој ќе ги одведе христијаните таму.

Трамп раскажа дека Роберт Џефрис, пастор од Далас, го поддржувал од самиот почеток и дека уште во 2015 година рекол оти Доналд Трамп можеби не прочитал толку многу од Библијата и не е највешт во цитирањето библиски стихови, но е најсилниот лидер и ќе ги одведе христијаните во Ветената земја.

Реклама

Американскиот претседател потоа рече: „И го направив тоа. Го направив тоа“, додавајќи дека не знаел дали да се радува или не на таквата поддршка.

Трамп во говорот се осврна и на познавањето на Библијата кај поранешните американски претседатели Роналд Реган и Џими Картер, наведувајќи дека Реган не ја познаваше Библијата толку добро како Картер, но дека Картер никогаш немаше да биде толку добар претседател како Реган.