Бернам: Брегзит не успеа, Велика Британија изгуби повеќе отколку што доби

Британскиот премиер Енди Бернам ќе оцени дека Брегзит не успеа и дека Велика Британија изгубила повеќе отколку што добила, пред средбата со европските лидери за нови договори со Европската Унија. На самитот се очекуваат договори за храна и земјоделство, трговија со емисии и програмата за мобилност на младите.

3
Бернам: Брегзит не успеа, Велика Британија изгуби повеќе отколку што доби (Depositphotos)
Фото: Опсервер

Тој ќе најави дека е подготвен да потпише договор со ЕУ доколку е во согласност со изборната програма на Лабуристичката партија и црвените линии на владата, го унапреди постојниот договор за Брегзит и донесе опипливи подобрувања во секојдневниот живот на граѓаните.

Бернам тврди дека предложените договори би можеле да го зголемат британскиот бруто домашен производ за 0,4 отсто, односно за околу 17 милијарди фунти. „Ова е добивка за двете страни“, ќе порача тој, најавувајќи пресврт од судир кон соработка во решавањето на заедничките предизвици.

Реклама

Министерот за односи со ЕУ, Хамиш Фалконер, изјави за Би-би-си дека новиот договор ќе ѝ овозможи на Велика Британија да учествува во разговорите за европската политика за храна, но без право на глас при донесувањето одлуки. Тој рече дека договорот би можел да содржи излезна клаузула што би ѝ овозможила на идната британска влада да се откаже од поблиско усогласување со ЕУ.

Фалконер објасни дека Унијата е загрижена дека идна влада предводена од Реформистичката или Конзервативната партија би можела да го поништи договорот.