Апче кое го преполовува ризикот од срцев удар

апчињаНаучници велат дека апче кое се пие еднаш дневно би можело да го преполови ризикот од срцеви болести и инфаркти за милиони пациенти. Истражувачите кои стојат зад првото меѓународно тестирање од овој тип велат дека комбинираното Црвено Срце „полиапче“ би можело да го намали и ризикот од рак на дебело црево и проблеми со бубрезите.

Апчето е всушност комбинација од четири лекови, мала доза аспирин, статин наречен симвастатин за намалување на холестеролот и два лекови кои помагаат во намалувањето на крвниот притисок, лисиноприл и хидрохлоротиазид. Докторите веќе им ги препишуваат одделните апчиња на милиони пациенти во светот за да го намалат ризикот од срцеви удари и инфаркти.

Но многу доктори веруваат дека комбинираното апче би можело да спасува животи, да заштеди пари за здравствените фондови и да биде поедноставно за пациентите. Некои дури тврдат дека ваквите полиапчиња би требало да бидат препишани на сите лица над 55 години за да се намали ризикот од болести. Апчето би чинело околу 4,5 евра месечно по пациент, но истото најверојатно нема да биде достапно уште неколку години.

Научниците велат дека се потребни тестирања на поголеми групи за да се види дали полиапчето е најдобар начин за применување на лековите, или дали одделните апчиња функционираат подобро. Најновата студија го тестирала апчето врз 378 луѓе на кои претходно не им биле потребни одделните компоненти, но кај кои имало 7,5 проценти проценет ризик од кардиоваскуларни болести.

Доброволците биле од Британија, Австралија, Бразил, Индија, Нов Зеланд, САД и Холандија. Дванаесет недели по почетокот на студијата експертите го анализирале ефектот на лековите врз крвниот притисок, холестеролот како и колку пациентите го толерирале апчето. Професор Антони Роџерс, од Џорџ Институтот за Глобално Здравје во Сиднеј, изјавил: „Резултатите покажуваат дека може да се очекува преполовување на срцевите болести и инфарктие кај лицата кои го пијат полиапчето во долг рок.“

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

„Знаеме од други тестирања дека на долг рок би имало и 25-50 проценти намалување на стапката на смртност од рак на дебело црево, како и намалување кај другите големи типови на рак, срцеви проблеми и проблеми со бубрезите. Би биле потребни неколку години за да се добијат овие придобивки, но секако една од работите на кои се надеваме е дека полиапчето ќе им помогне на луѓето на долгорочен план.“

Околу едно од шест лица искусиле нус појави како надразнет стомак и кашлање. Еден од дваесет престанале да го земаат апчето поради овие нус појави. Наташа Стјуарт од Британската Здравствена Фондација изјавила: „Иако концептот на пиење едно апче наместо повеќе звучи привлечен, ова беше само мала студија и за да видиме резултати би биле потребни поголеми тестирања за да се одреди валидноста на потенцијалните придобивки од полиапчето. Иако лековите би можеле да го намалат ризикот, тие сепак не се замена за имање здрав животен стил.“[Daily pill that could halve the risk of heart attacks and strokes]

- Реклама -