
Тој ќе најави дека е подготвен да потпише договор со ЕУ доколку е во согласност со изборната програма на Лабуристичката партија и црвените линии на владата, го унапреди постојниот договор за Брегзит и донесе опипливи подобрувања во секојдневниот живот на граѓаните.
Бернам тврди дека предложените договори би можеле да го зголемат британскиот бруто домашен производ за 0,4 отсто, односно за околу 17 милијарди фунти. „Ова е добивка за двете страни“, ќе порача тој, најавувајќи пресврт од судир кон соработка во решавањето на заедничките предизвици.
Министерот за односи со ЕУ, Хамиш Фалконер, изјави за Би-би-си дека новиот договор ќе ѝ овозможи на Велика Британија да учествува во разговорите за европската политика за храна, но без право на глас при донесувањето одлуки. Тој рече дека договорот би можел да содржи излезна клаузула што би ѝ овозможила на идната британска влада да се откаже од поблиско усогласување со ЕУ.
Фалконер објасни дека Унијата е загрижена дека идна влада предводена од Реформистичката или Конзервативната партија би можела да го поништи договорот.





