
По петгодишно следење, резултатите покажаа дека луѓето кои правеле помалку од 5.000 чекори дневно имале 80 отсто поголем ризик од деменција, Паркинсонова болест и мозочен удар од оние кои оделе 12.000 чекори.
Оние кои оделе најмалку имале и поголем ризик од дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.
„Заклучокот е дека колку се движите влијае на здравјето на вашето тело и на вашиот мозок“, вели водечкиот автор на студијата, д-р Попатбаи Качадија, невролог на Универзитетот Флорида Атлантик.
Но, експертите забележуваат дека сериозно намалената физичка активност може да биде причина за проверка, а не причина за грижа дека некој има мозочно заболување.
„Секој треба да стекне навика за редовна физичка активност и да постави реални и одржливи цели за подобрување на своето здравје“, рече коавторот д-р Марк Свердлоф.
„На пример, луѓето кои оделе околу 8.000 чекори дневно имале значително пониски стапки на невролошки заболувања од помалку активната група. Ова е реалистична цел и е во согласност со препораката од околу 150 минути умерена физичка активност неделно“, додаде тој.



