
Инспекторите на ICAO ќе ја оценуваат примената на меѓународните барања, силните страни на системот и областите во кои се потребни подобрувања.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, рече дека независната и непристрасна проверка е важна за одговорното управување и градењето доверлив воздухопловен систем. Тој посочи дека доколку бидат утврдени наоди, Агенцијата има обврска отворено и професионално да се соочи со нив.
Препораките од инспекцијата ќе послужат како основа за планирање идни активности и подобрување на процесите за подигнување на безбедноста. Агенцијата ја истакна важноста на професионалната соработка, транспарентноста и учеството на сите вклучени субјекти во проверката.





