По 17 години пауза, инспектори на ICAO ќе го проверуваат македонското цивилно воздухопловство

Тим инспектори на ICAO пристигна во Македонија на 11 ноември и во наредните две недели ќе ја проверува усогласеноста на цивилното воздухопловство со меѓународните стандарди.

9
По 17 години пауза, инспектори на ICAO ќе го проверуваат македонското цивилно воздухопловство (Опсервер)
Фото: Опсервер

Инспекторите на ICAO ќе ја оценуваат примената на меѓународните барања, силните страни на системот и областите во кои се потребни подобрувања.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, рече дека независната и непристрасна проверка е важна за одговорното управување и градењето доверлив воздухопловен систем. Тој посочи дека доколку бидат утврдени наоди, Агенцијата има обврска отворено и професионално да се соочи со нив.

Препораките од инспекцијата ќе послужат како основа за планирање идни активности и подобрување на процесите за подигнување на безбедноста. Агенцијата ја истакна важноста на професионалната соработка, транспарентноста и учеството на сите вклучени субјекти во проверката.