12 најлоши сообраќајни метежи

Повеќе...Секогаш се жалите за тоа колку е лош нашиот сообраќај? Откако ќе ги погледнете овие закрчувања што се случија во повеќе градови низ светот, ќе сфатите дека кај нас и не е така лошо.

Секогаш се жалите за тоа колку е лош нашиот сообраќај? Откако ќе ги погледнете овие закрчувања што се случија во повеќе градови низ светот, ќе сфатите дека кај нас и не е така лошо.

Париз – Лион
a97173_g114_1-paris-lyon_copy
Најдолгиот сообраќаен метеж – 176 км., се случи помеѓу Париз и Лион во 1980 година.

Пекинг
a97173_g114_2-beijing
Сообраќаен метеж долг 100 км, кој траеше повеќе од девет дена (и заврши пред неколку дена), го затвори главниот автопат на Пекинг – National Expressway 100, кој исто така е познат и како G110  . Заробените возачи немаа друг избор освен да седат и да чекаат да заврши целиот хаос. А, што било причината за ваков хаос? Очигледно, зголемениот сообраќај на автопатот, комбиниран со одржувањето и градежните работи кои се случувале тоа време.

Сао Паоло
a97173_g114_10-sao-paulo
Сообраќаен метеж во Сао Паоло, Бразил. Во јуни 2009, Сао Паоло постави нов рекорд за лош сообраќај, кога се создаде сообраќаен метеж со вкупна должина од 295 км низ целиот град. Со други зборови, тоа е 35% од целокупната патна мрежа на градот.

Њујорк
a97173_g114_4-ny
Ќор-сокак од возила и пешаци на пресекот на Прва Авенија и 57 улица во Њујорк.

Москва
a97173_g114_12-moscow
Москва, пак, има поинакви причини за сообраќаен метеж. Една од нив е ледената зима. Патиштата не можат да фунционираат бидејќи се смрзнати, додека пак другиот проблем е големиот број на жители, што значи и поголем број на возила.

Тајпеј
a97173_g114_6-moto-taipei
Сообраќаен метеж од возила и мотоцикли во Тајпеј.

Пакистан
a97173_g114_7-pakistan-flood
Возилата се заробени поради протестот во Пакистан, каде што луѓето бараат помош од владата за поплавите.

Индија
a97173_g114_8-north-india
Метеж создаден од прославата на Дивали (Фестивалот на светлината), во Северна Индија.

Пата
a97173_g114_9-patna
Пата, главниот град на Индиската држава Бихар, беше сведок на неочекуван метеж на 1 декември, 2009. И овој метеж, исто така, беше предизвикан од демонстраторите и протестантите од различни организации.

Сао Паоло (повторно)
a97173_g114_3-sao-paulo2
Уште една слика од сообраќајот во Сао Паоло, на пресекот на Faria Lima и Juscelino Kubischek Avenue.

Москва (повторно)
a97173_g114_11-moscow
Замрзнат сообраќаен метеж во Москва.

Хјустон
a97173_g114_5-hurricane
Овој метеж во Хјустон, Тексас, беше предизвикан од Ураганот Рита во 2005.

- Реклама -