
Ѓорѓиевски изјави дека се констатирани сериозни недостатоци поради долгогодишно неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Според него, бил потребен обемен и темелен зафат што бил занемаруван речиси една деценија, поради што жичарата била ставена вон функција.
Во тек се зафати за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне моторот испратен на репарирање во странство. „Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град“, изјави Ѓорѓиевски.



