Во Прилеп запленети 168,7 килограми режан тутун, фатени шест лица

Царинската управа заплени 168,7 килограми режан тутун во Прилеп, при што било избегнато плаќање акциза од 463.787 денари. Во акцијата биле затекнати шест лица како продаваат тутун без акцизни маркички.

10
Во Прилеп запленети 168,7 килограми режан тутун, фатени шест лица (Опсервер)
Фото: Опсервер

Контролата ја спровеле царински службеници од Царинарницата Битола и мобилни тимови на Одделението за оперативни работи, со полициска асистенција.

Шест лица биле затекнати како продаваат тутун без акцизни маркички. Против нив се поведени постапки пред надлежниот суд и Комисијата за прекршоци.

Од Царинската управа информираат дека ова е втора акција во краток период. Во претходна контрола на пазарот во Чаир биле запленети 135 килограми режан тутун, а Управата најави засилени контроли во внатрешноста на државата и истраги за увозот на тутун и тутунски производи.