Субхи Јакупи е новиот претседател на Управниот суд

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за нов претседател на Управниот суд на седницата на 11 ноември.

15
Субхи Јакупи е новиот претседател на Управниот суд (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

На седницата биле разгледани кандидатурите на Субхи Јакупи, Газменд Фејзули, Едита Наскова и Ѓоко Живковски, чии пријави биле навремени и комплетни. Пријавата на Љуљзим Салиу била отфрлена како некомплетна.

Во расправата, повеќе членови на Советот ги истакнале искуството на Јакупи во Вишиот управен суд и квалитетот на неговата програма. Против изборот се изјаснила Сузана Јошевска, оценувајќи дека Јакупи има најмал судиски стаж меѓу пријавените и дека неговата програма не ги разработува доволно поставените цели.