
Вкупниот пазар на недвижности во третото тримесечје од 2026 година опфатил 7.679 трансакции, што е намалување од 8,2 отсто во однос на претходниот квартал.
Бројот на купопродажби се намалил за 12,1 отсто, додека бројот на закупи пораснал за 2,8 отсто. Вкупната финансиска вредност на пазарот изнесувала 339 милиони евра, или 3,6 отсто помалку од претходниот квартал. Од тоа, 337,8 милиони евра се однесувале на купопродажби, со пад од 3,6 отсто, а 1,1 милион евра на закупи, со пад од 10,2 отсто.
Продажбата на станови се намалила за 14 отсто, а нивната вкупна финансиска вредност за 6 отсто. Кај закупите на станови, бројот пораснал за 45 отсто, а вкупната месечна закупнина за 31 отсто во однос на претходниот квартал.



