Божиновска и BAE Systems потврдија партнерство за сајбер-безбедност во енергетиката

Божиновска и BAE Systems разговарале за секторски Центар за безбедносни операции и неговото можно финансирање преку европските фондови и Реформската агенда.

9
Божиновска и BAE Systems потврдија партнерство за сајбер-безбедност во енергетиката (Опсервер)
Фото: Опсервер

Министерката за енергетика Сања Божиновска присуствувала на состанок со BAE Systems, на кој било потврдено партнерството за сајбер-безбедност во енергетскиот сектор и се разговарало за воспоставување секторски Центар за безбедносни операции (SOC).

На работниот состанок, организиран во рамките на програмата Falcon со BAE Systems и поддршка од Амбасадата на САД, биле презентирани резултатите од проценката и теренските анализи на ИТ-системите на Министерството.

Реклама

Експертите од BAE Systems го оцениле ИТ-тимот на Министерството како еден од најподготвените со кои досега соработувале, наведувајќи ја неговата посветеност на сајбер-безбедноста и примената на меѓународните стандарди.

На состанокот се разговарало за воспоставување секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и за можностите тој да се финансира преку европските фондови и Реформската агенда. Целта е институциите во енергетскиот сектор навреме да ги препознаваат сајбер-заканите и координирано да реагираат, за да се зачува континуитетот на испораката на енергетски услуги за граѓаните и стопанството.

Реклама

„Заштитата на ИТ-инфраструктурата е клучна за нашата енергетска стабилност. Со градењето на овој секторски центар и со поддршка од нашите стратешки партнери, обезбедуваме современа заштита од дигитални закани и гарантираме непречено функционирање на енергетскиот систем“, истакна Божиновска.

На состанокот било потврдено стратешкото партнерство и заедничките напори за зајакнување на критичната инфраструктура и енергетската безбедност на земјата.