МОН: Буџетот за наука достигна 773 милиони денари, поддржани околу 50 проекти

Буџетот за наука годинава изнесува 773 милиони денари, а МОН наведува дека поддржало околу 50 двегодишни научни проекти.

4
МОН: Буџетот за наука достигна 773 милиони денари, поддржани околу 50 проекти (Опсервер)
Фото: Опсервер

Буџетот за научно-истражувачка дејност во 2026 година изнесува рекордни 773 милиони денари, соопшти Министерството за образование и наука по повод Светскиот ден на науката за мир и развој, 10 ноември.

Министерството наведува дека минатата година поддржало околу 50 двегодишни научни проекти, кои сега се во завршна фаза.

Реклама

Во насока на зголемување на научната продукција, МОН обезбедило бесплатен пристап до базите „Web of Science“ и „Scopus“ за научниците и академските професори. Министерството ги покрива и трошоците за објавување трудови во списанија со импакт-фактор, организирање домашни и учество на меѓународни научни конференции, како и објавување зборници.

Како напредок во научно-истражувачката дејност се посочуваат основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА, како и продолжувањето на учеството во европските програми за наука и иновации. Европската комисија во извештајот за 2026 година оценила дека е постигнат добар напредок во остварувањето на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација.

Реклама

Стратешки приоритет на МОН, според соопштението, останува забрзаниот развој на науката и подоброто позиционирање на македонските универзитети на глобалните ранг-листи.