„Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа најдобар филм на 26. Скопје Филм Фестивал

„Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа ја освои наградата за најдобар филм на 26. Скопје Филм Фестивал.

3
„Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа најдобар филм на 26. Скопје Филм Фестивал (Опсервер)
Фото: Опсервер

Филмот „Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа ја освои наградата за најдобар филм на 26. Скопје Филм Фестивал, кој заврши на 9 ноември во Скопје.

Фестивалот беше затворен во Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, а победниците ги соопшти меѓународното жири.

Реклама

Наградата за најдобра режија ја доби Габор Холтаи за филмот „Чувство на дом“, а специјалното признание од програмата „Дијалози“ му припадна на филмот „Тивки ноќи“ на Лоренс Фахардо. Фестивалскиот совет додели специјална награда за „Отфрлен“ на Винсент Гарено, кој раскажува вистинска приказна за напад врз професор во француско средно училиште.

На отворањето на фестивалот, првата награда „Златна Скополија“ за придонес кон светската кинематографија им беше врачена на полското филмско дуо Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт.

Реклама

Фестивалот се одржа под раководство на директорот Томи Салковски и кураторот Николај Никитин, а натпреварувачката програма ја оценуваше меѓународно жири. Следното, 27. издание е закажано од 12 до 17 октомври 2027 година.