Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени три куќи

Пожарот кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, откако зафатил делови од три куќи. Интервенирале 22 пожарникари со девет возила.

19
Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени три куќи (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Пожарот што избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, а биле зафатени три куќи. Во гаснењето интервенирале 22 пожарникари со девет противпожарни возила.

Командантот на Противпожарната единица – Скопје, Звонко Томески, изјави дека пожарот зафатил покрив на двокатна куќа, а поради близината на објектите огнот се проширил и на делови од уште две соседни куќи.

Реклама

„Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, сега се работи на расчистување“, изјави Томески.

Во инцидентот е причинета материјална штета, а нејзината висина дополнително ќе се утврдува.