БМВ ги укинува дизел моторите за новата генерација на серија 3

Со оваа одлука од понудата на серија 3 исчезнува погонот што со години беше клучен за продажниот успех на моделот. Моделот 320д беше особено популарен, со учество помеѓу 40 и 50 проценти од вкупната продажба на серијата во најдобрите периоди. Поради ниската потрошувачка на гориво, дизел моторите најчесто ги избираа возачите кои поминуваат голем број километри и деловните корисници.

2
БМВ ги укинува дизел моторите за новата генерација на серија 3
Фото: МКД.мк

Важноста на дизелот, меѓутоа, со години се намалува. Во текот на 2025 година, уделот на дизел моторите во продажбата на БМВ во Германија за прв пат падна под 30 проценти. Се проценува дека 25 до 30 проценти од купувачите избрале дизел во серијата 3, иако БМВ не објавува прецизни податоци за продажбата на поединечни мотори.

Некои од претходните купувачи на дизел модели оттогаш се префрлија на други видови погони. Модели како што се целосно електричниот и4 или плагин хибридниот 330е се повеќе барани, што е особено изразено во сегментот на службени возила и возни паркови на компаниите.

Реклама

Сепак, БМВ не се откажува целосно од дизел моторите. Тој погон сè уште игра важна улога, првенствено кај поголемите модели. Кај кросоверите како икс5 и икс7, уделот на дизелите е сè уште значително над 50 проценти.

Овој потег наводно не е поврзан со моменталната програма за намалување на трошоците во БМВ, која планира да елиминира околу 8.000 работни места и да ја намали сложеноста на понудата до крајот на 2027 година. Одлуката за прекин на дизелот во серијата 3 е донесена многу порано.

Сè уште не е познато дали другите серии ќе го следат овој пример. Новата генерација на БМВ серија 3 ќе се произведува во фабриката во Динголфинг, на истата флексибилна линија како и сериите 4 и 5.