
Грчката полиција во Солун уапсила 43-годишен странски државјанин по кого била распишана меѓународна потерница од Интерпол – Македонија за тешка кражба.
Апсењето било извршено во вечерните часови во рамки на редовни полициски контроли и патроли насочени кон спречување на криминалот и расветлување кривични дела.
Според соопштението на грчката полиција, мажот бил меѓу повеќето лица приведени во овие активности. Се очекува да биде изведен пред надлежните грчки власти, по што би почнале постапките за негова екстрадиција во Македонија.



