Цели 12 години откако оригиналниот G3 iMac ги откажа 3.5 инчните флопи дискови, Сони конечно реши да не ги произведува. Причината е секако намалена побарувачка. Чудно е што требаше да помине толку време.

Ако сè уште зависите од дискетите со 1.44MB без грижа: Sony ќе ги произведува до март 2011. Намалената побарувачка за овие дискети се чини не е секаде во светот – во 2009 Sony продале 12 милиони флопи дискови во Јапонија.
Оваа мала дискета изнудуваше насмевки кај сите деца уште од 1981, но сега и се придружува на аудио и видео касетата. Се сеќаваме на времето кога за една игра мораше да се наснимаат преку 40 дискети, кои потоа се споделуваа наоколу. Нешто како рана верзија на торент сајт, само во живо.
Но, крајот е неизбежен и ќе се задоволиме со наследниците на флопи дискот засега.
Ако некој сè уште ги користи овие мали стари дискети, ве молиме наведете ги вашите причини во коментарите. [Sony to discontinue 3.5 inch floppy disk in Japan]