
Во Париз денеска се одржува маратонот, а според информациите од француските медиуми, учествуваат рекорден број на тркачи. Вкупно, бројот на учесници изнесува околу 60.000, совладан е претходниот рекорд од минатата година во Њујорк, каде учествуваа 59.226 тркачи.
Трката започна во 7.55 часот со старт на 15 натпреварувачи во инвалидски колички, а пет минути потоа тргнаа елитните тркачи, по што следуваа сите останати учесници на маратонот.
Победник на маратонот е Италијанецот Јеманеберхан Крипа, кој патеката од 42.195 метри ја истрча за 2:05.18 часа. Ова му е прва победа во Париз и станува првиот Италијанец со победа во главниот град на Франција. На второто место се стаса Бакелињ Тешегар од Етиопија, со заостанување од пет секунди, додека третото место го зазеде Сила Кипту од Кенија, која заостана десет секунди зад победникот.
Во женската конкуренција, победата ја однесе Шур Демис од Етиопија со време од 2:18.34 часа, поставувајќи нов рекорд на маратонот во Париз. Нејзината сонародничка Мисгане Алемајех заврши на второто место, а третото место ѝ припадна на Магдалин Масаи од Кенија.
Оваа година, маратонот во Париз имаше уште една особеност – се одржа без употреба на пластика, а на учесниците не им беа достапни пластични шишиња со вода.



