СДСМ: Граѓаните се за ЕУ, само Мицкоски е против ЕУ

„Народот е за, а Мицкоски е против ЕУ, заедно со Апасиев“, велат од СДСМ во реакцијата по повод интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ „Канал 5“, во кое го критикуваше премиерот Димитар Ковачевски дека воопшто не го засега волјата на народот, но и претседателот Стево Пендаровски – поради подаништво кон Владата и премиерот, а во однос на неговиот став за референдумот.

„Не личи за ниту еден политичар во очи на најголемиот национален и државен празник, Илинден, да го хушка народот и да шири невистини. Но, кога е Мицкоски во прашање нема ништо свето ниту значајно за него“, велат од СДСМ.

„Граѓаните се за ЕУ. Само Мицкоски е против ЕУ, заедно со неговиот партнер Димитар Апасиев, кој за Илинден си се шета низ улиците на една соседна држава. Тоа е друштвото против ЕУ кое брани туѓи интереси“, тврдат од владејачката партија.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа

„Северна Македонија почна преговори со ЕУ и враќање назад нема да има, ниту пак скршнување лево или десно од европскиот пат, а најмалку кон Исток“, порачуваат од СДСМ.

- Реклама -