Научниците дизајнираат гигантски лифт кон ѕвездите

Повеќе...

Замислете си како би било наместо со ракети, патувањето кон орбитата да биде едноставно возење со воз кој би одел 10.000km кон височините. Последниве неколку години, токму ова е идејата која што многу научници, инжинери и футуристи не само што си ја замислуваат и дизајнираат, туку и до одредена мера и ја тестираат.


2924616310103830173s600x600q85.jpg

Замислете си како би било наместо со ракети, патувањето кон орбитата да биде едноставно возење со воз кој би одел 10.000km кон височините. Последниве неколку години, токму ова е идејата која што многу научници, инжинери и футуристи не само што си ја замислуваат и дизајнираат, туку и до одредена мера и ја тестираат.
Првата комплетна дескрипција на ваков „лифт кон ѕвездите“, му се припишува на рускиот научник Константин Ѕиоловски кој се смета како зачетник на оваа идеја за вселенски лифт. Од публикувањето на оваа идеја, па се досега концептот генерално се сметаше за фасцинантен, но технолошки невозможен. Ниеден познат материјал не беше доволно цврст да ги издржи астрономските влијанија на кои една таква структура би била изложена.
 Меѓутоа, од тогаш науката енормно се разви до таа мера што е во можност да создаде некои молекули и материјали на атомска основа, такашто разликата помеѓу она што науката знае да го направи сега и она што треба да го знае за да го изгради лифтот кон ѕвездите е доволно мала за научниците и инжинерите во светот сериозно да ја разгледаат можноста за конструкција на ваков лифт.
 
Главната причина што овој лифт изгледа како привлечна идеја е драматичната редукција на цената за енергијата што ќе биде потребна. Моментално за да се испрати еден килограм во орбитата потребно е 20.000 долари, вселенскиот лифт може да ја намали таа цена и до 250 долари за килограм. Разбирајќи ја оваа предност една нација од неодамна ги презеде првите чекори со тоа што потврди дека веќе финансиски се подготвува со значителна сума на пари да го започне проектот за лифтот. Јапонската влада неодамна објави дека ќе вложи буџет од 9 билиони долари за конкретниот предлог да се надминат теоретските пречки за конструкција на лифтот за кој веќе има почетни претпоставки да биде 100.000km висок. Ова е многу значаен потег со оглед на тоа што многу експерти потврдуваат дека функционален вселенски лифт со буџет од 10 – 15 билиони би можел да се заврши за помалку од 12 години. Јапонците закажаа конференција во ноември 2008, за експертите да го разработат планот за лифт кон ѕвездите. 
- Реклама -